АЛАРМАНТНО !!!!!!!!!!!!!!!!!!
Како сопственик на новиот модел на Hundai elantre, модел 2016 година 1.6 petrol engine со LPG стара 6 месеци за кое увозникот Кореа Ауто Траде ми даде гаранција сакам да ви го пренесам моето искуство во врска со возилото.
На ден 18.0.4.2017 година на автопатот Тетово-Скопје во текот на возењето возилото наеднаш почна да губи сила и во истиот момент испушти голем бел чад од ауспухот. Самата непријатна ситуација можеше да ескалира во голема сообраќајна незгода, во која како учесници ќе беа мојата сопруга и мојот две годишен син. По запирање на возилото за наша среќа ни пружија помош други затекнати возачи кои беа запрепастени од глетката. Наредниот ден кога го однесов возилото во салонот на Hundai Скопје на сервис бев исмеан од нивна страна под изговор дека тоа што се случило не е ништо страшно и за 15 минути ми го вратија возилото назад непоправено и ми рекоа дека проблемот е во LPG уредот и покрај напомената дека возилото беше возено на petrol. Во сервисот за LPG утврдија дека проблемот е во моторот, а не до LPG уредот. Се обратив до сервисот на Hundai Скопје и побарав да ми го поправат возилото кое е под гаранција односно да ми го вратат во првобитна состојба (со замена на сите уништени делови за нови) и за сето тоа да добијам писмен документ за сервисирано возило. После еден час добив понуда за откуп на возилото во кој разговор побарав за да не останам без возило да си доплатам за некој друг модел на Hundai и покрај доживеаната непријатна ситуација. На ова добив одговор дека нема никогаш да добијам друго возило на Hundai и да бидам задоволен што ќе ми го откупат возилото. Го вратив возилото ми беа вратени пари, но не и за тоа што во него вложив за зимски гуми со бандажи, LPG уред кој ми го вградија во салон посочен од нивна страна, навлаки за седишта итн. Од целава оваа ситуација најтешко ми падна од сознанието дека ова да ми се случеше во друга држава ќе бев оставен на милост и немилост на цедило со сопруга и двегодишно дете и дека за возилото не важи никаква гаранција згрозен сум и поради непрофесионалниот однос и негрижата од страна на целиот персонал на Hundai и неизлегувањето во пресрет за понуда на друг модел на Hundai поради што останав без возило.
Подоле на линковите може да ги погледнете клиповите и да го видите работењето на новиот модел на Hundai elantre модел 2016 година 1.6 petrol engine.
https://www.youtube.com/watch?v=JQm1SNuyY6whttps://www.youtube.com/watch?v=Ve_6otI6vGIОва го начекав на фб ми искочи по некои од групиве...
Што мислите?