Во саботата попладне на излез од Дебар кон Струга, само шо прешалтав во повисока и забрзав, гледам, луѓе на коловоз и неколку возила и нормално, почнав да намалувам (а малку ми се брзаше заради непланираното „заталкување“ низ Дебра - јбг не сум поминал оттаму со години, порано немаше кружен тек на влезот од кај Маврово).
Излегува полицаец во маскирно ми покажува сончоглед, добар ден - добар ден, возачка и сообраќајна, опрема имаш? - имам, да видиме? - да видите, знаеш зошто те запревме? - јас се праам наудрен, возеше побрзо од пропишаното, поточно 7км/ч побрзо, нема да те казниме, мало пречекорување, само оопомена, ама пази, лизгав коловоз, ова она, потпиши тука.
Ми дадода едно картонче со информации за собраќајни несреќи, загинати, повредени и слично... ќе ме викаат на часови, а?
На останатиот дел што остана кај нив пишуваше нешто ко „предупредување“, „опомена“ или така нешто...
Остатокот од патот, наместо мерачки да си го извозам, се пазев да не пречекорам брзина... а празен пат, пустото, милина да ти е...