Томи Југовците скоро и да исчезнаа од пазарот,затоа така,инаку и со нив се залетувале и денес се залетува некој и се тепале и ке се тепаат.Баш летово низ Битола деца(немаа ни 15години) баш со Југо ке ми се пикнеа под камион и тоа во село.
Слегов од камион ама ја киднаа,инаку толку тежок ќотек ке им тргнев,шо најверојатно денес ке возеа БМВ 530-ка со парите од лекарското.
Ке отиде муабетот во стилот со каишите, еден во 50 се искубал со неврзан каиш, и веднаш некој мисли дека без него е побезбедно.
Зиро убаво рече пред некој ден, ненаучен заден погон, посебно на Е46-киве што ги изнакупија на кило е рецепт за да се искршиш некаде...
Да,
поголемиот дел отпаѓа на тоа што памет носи шоферот, и тоа не го негирам, ама и коњажата на колата игра преголема улога.
Тргам од себе, немам никаква воља да беснеам со Астрата, возило со јачина како кај постарите коли, да не речам слично забрзување.
Не секој може да си дозволи спортска кола, па беснеат со тоа што имаат, а 90% од тие коли не се наменети за спортски перформанси.
70-80% од сообраќајките што ги гледаме се коли над 110-120 кс.