Имам Grande Punto 1.2 / 65hp. Го купив од Automobile SK пред 7 месеци. Немав прилика да ја возам многу заради работа, па таман и седнав летово, на изминати само 970 KM ми блокира електричниот прозор од лева страна. Тргнав за на сервис (од Ресен за Прилеп бидејќи во Битола биле на колективен) нешто крцна на вратата и на пола пат сам проработи, ама кога ќе го спуштам најдолу стаклото цело го снемува, а на другата врата секогаш се гледа врвот од стаклото. Толку многу сум се изнервирал што дури размислувам и да го продавам. Ако на не цели 1000 км ми се јави прв дефект на 10000 ... ќе се бркам со тркалата по пат
Ако има некој што се разбира, ќе го замолам да ми каже што може да биде дефектот (дали е нешто сериозно што би и останало во навика или се случува), дали да ја носам на сервис да ја расклопуваат цела врата
или нека турка така ако турка. Колата е под гаранција се разбира ама не ми е по ќеф да ја расклопуваат уште ... не истестирана што се вика.
Благодарам,
Поздрав