Автор Тема: Zamasteno crevo na intercooler!  (Прочитано 4187 пати)

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Zamasteno crevo na intercooler!
« на: 27 Јули 2012, 18:49:44 pm »
Pozdrav do site na forumot!

Se nadevam deka nekoj do sega imal iskustvo so problem kako mojot, imeno imam Fiat punto 1.9 JTD 2002 godina so koe
imam problem so crevoto koe vodi do intercoolerot (barem taka mi rekoa deka e toa crevo) vo predniot lev del na voziloto,
istoto ova bese zamasteno od ulje a gledam denes veke i nekolku kapki od ulje na zemja. Me interesira ako moze nekoj da mi
pomogne okolu ovoj problem da mi posoci kade da se obratam a pred se tuka me interesira sto moze da bide sto e pricinata za
pojavata na ulje, dali stanuva zbor za nekoe ostetuvannje, a pred se kolku cini istoto dali e skapo, inaku uljeto e pojaveno samo na
mestoto kade sto se spojuva crevoto so intercoolerot, a ne i vo pogornite delovi na motorot, voziloto super raboti i ne mi pravi problemi, megutoa me zagrizuva celata situacija zatoa sto sum pocetnik i ne se razbiram mnogu po avtomobili.
Dobredojdeni se site odgovori. Odnapred blagodaram.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #1 на: 27 Јули 2012, 18:54:33 pm »
Најверојатно турбината пропушта повеќе масло одколку што е нормално затоа имаш капки масло таму, најдобро е сега да ја однесиш да го извадат цревото од интеркулерот и да се види колку масло има внатре и да се провери луфтата на осовината од турбото.

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #2 на: 27 Јули 2012, 18:57:26 pm »
Imam i fotografija od isoto ne mozam da ja postiram tuka :( ne znam na koj nacin da postiram.
Me interesira kolku bi cinela celata popravka onaka grubo.

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #3 на: 27 Јули 2012, 18:59:30 pm »
Eве како да постираш фотографија:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5055.0.html

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #4 на: 27 Јули 2012, 19:02:46 pm »
Blagodaram, se nadevam deka ova nesto ke pomogne.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #5 на: 27 Јули 2012, 19:06:09 pm »
Штом има масло, послушај го Стиг, турбото е за преглед/поправка.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #6 на: 27 Јули 2012, 19:06:21 pm »
Направи како што ти кажав па после ќе знаеш дали си за нова турбина или само стегата е лабава, секоја турбина пушта по малку масло кога ќе се извади цревото маслото што е внатре ако може да се избрише со една палома значи е нормално а ако има многу повеќе од тоа размислувај за освежување на турбината додека не е касно па да ја смениш цела.

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #7 на: 27 Јули 2012, 19:08:56 pm »
Ме интересира чисто онака грубо, колку би чинело доколко е турбото, затоа што возилото сега го имам земено, половно пред неполн месец дена и навистина вака ептен е некако за почеток лошо да се расправам со вакви работи.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #8 на: 27 Јули 2012, 19:15:41 pm »
Ако се одлучиш за замена на турбина би те коштало одприлика 400-700 евра не знам точно колку е твојата турбина, а ако ја освежиш само да се сменат пиксни и карики на турбината би поминал некаде со 100-150 евра. Ова е муабетот ако турбината тргнала а ако не ништо ќе си го замениш цревото ако е оштетено. Затоа најдобро е да се види што е проблемот вака ни баба ванѓа не може да ти помогне.

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #9 на: 27 Јули 2012, 19:18:44 pm »
Taka ve razbiram, mene me interesirase dali e normalno tuka na toa mesto da ima ulje-kaj ova crevo ili istoto sluzi samo za vozduh, ne se razbiram mnogu vo ovie raboti. Sepak vi glagodaram za informaciite.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #10 на: 27 Јули 2012, 19:23:46 pm »
Цревото служи да го задржи притисокот од воздух што го создава турбината, таму не би имало масло само доколку се работи за ново возило. А веќе на постари возила турбината е исправна доколку цревата се само навлажнети со масло, ако има повеќе од тоа значи треба да се испита турбината.

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #11 на: 27 Јули 2012, 19:53:46 pm »
Se nadevam deka vo vakva sostojba ne e problem barem privremeno da se vozi, do nekoj 7 dena na pomala kilomtreza, ili pak do majstor, zatoa sto nemam majsto tuka blisku treba da odam okolu 25km.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #12 на: 27 Јули 2012, 21:22:00 pm »
Не е проблем само не ја стегај да не почне да го гори маслото како погонско гориво, нека ја зирнат еднаш како е состојбата.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #13 на: 27 Јули 2012, 21:36:35 pm »
Колку ти троши масло на 1000км ?

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Zamasteno crevo na intercooler!
« Одговори #14 на: 27 Јули 2012, 21:51:00 pm »
Ne znam kolku trosi od pricina sto ja imam ne poln mesec dena, pominati se okolu 500km, a uljeto e na normala, do sega nemase pusteno ulje, denes (stoese na sonce ako vljiae i toa) imase nekoj dve kapki na asfalt i go pominav crevoto so edna krpa a toa bese malku poveke zamasteno. ne znam problemov se poveke me plasi ako e do turbinata ondak sum se zafrknal sto sum go zedol voziloto. :(