Ауууу колку е добра играваааааааааааа!!!!!!!!
Чива идеја беше нека се каже. Значи не постои подобра и пореалистична игра за правење глупости. Буквално, реализмот е 99% погоден. Графиката лудница, замислете Far Cry 3 на максимум ново на детали ама возачина.
Браво за енџинов, секоја чест.
ЕДИТ: на колата се крши целата лимарија, зависно од тоа каков е ударот или падот. На колата се крши кардан сосе диференцијал при нагло извртување при гас до даска. Се кршат јабучици, амортизери. Се кинат гуми, циткаат бандажи, откажуваат полуосовини. Пикапов има типичен амерички lame аутоматик мењач кој работи скоро идентично како во реалност. Забрзувањето и максималната брзина се сосем реални зависно од теренот по кој се вози. Хендлингот на колата е сосем реален само пречи што пикапов е дизел и веројатно нема повеќе од 80-тина коња, па малце е тешко да се тестира хендлингот.
ЕДИТ2: најдов каде се менуваат параметрите на моторот. Иначе е 4.1L I6 мотор. Можат да се менуваат сите параметри, на пример колку lb/ft torque има при која висина на вртежи. исто ги најдов и параметрите на аутоматскиот мењач
Лелееее, нема спиење ноќеска. Цела ноќ дритови и б’рнаути ќе праам.