offff rado bi ama ako zapalam pak steam kje jadam tendzere u glava.
Лично, и да би имал 3 деца - би се развел доколку некоја ми забранува да го правам она што го сакам, а притоа се другото да е океј по дома.
Додуше не би ни стигнал до 3 деца ако се однесува така.
Никогаш не ги разбрав мажите што вака пишуваат „со тенџере во глава“, како да живеат како затвореници по дома и да немаат слобода. Или мислат дека имаат слобода, ама имаат - до некаде. Жената им поставила некои си нејзини црвени граници кои треба да се почитуваат демек, а ако го гледаш од страна/трето лице - воопшто не е ОК. Ова дури и не е љубов, туку некои си глупости во една врска.
Мислам дека е понижувачки (ништо лично за тебе, постов само ми направи trigger)
Никој и никогаш нема да ми забрани нешто во слободно време, доколку тоа што го правам е во рамките на некои нормални вредности и услови.
Ниту забранувам некој да прави што сака во своето слободно време (додека се друго му е ОК т.е не ги занемарува/ги завршил другите обврски), ниту сакам да ми забрануваат. До гроб ќе се борам за ова.
Неќна баш за ова имав дебата со девојката.
Јас сум IT geek т.е пратам технологија и си купувам хардвер кога мислам дека на стариот му е веќе доста и кога мислам дека имам доволно пари за нов, да е со разумна цена и да не трпи буџетот што го имам после тоа.
Она ме знае каков сум и се закачува - Дали вака би правел и кога ќе имаш деца?
И реков - Да, доколку се има пари по дома, се е подмирено, цената е во склад со тоа колку ми е длабок џепот и нема да трпи сегашниот и идниот домашниот буџет поради моите желби. Исто како што ти би си купила се што сакаш, под истите услови.
И толку, овде заврши „дебатата“.