Јас у моментов ја таманам (кога ќе успеам да најдам време) Assassins Creed Unity.
Скоро сите претходни до оваа ги изиграв, со исклучок на Liberation и Rogue, пошо Liberation ми беше тапа, и ептен очигледно дека била за PSP или Vita (како и да е, не била за „нормална“ конзола), а Rogue ми беше ептен како Black Flag, само у ладна околина. Едноставно ми дојде премногу, пошо Black Flag ми беше стварно интересна, али малце долга, па одма после тоа ја играв и Freedom Cry, што пак беше со бродови, пирати и слично, па одма после тоа Rogue ми дојде премногу од истите ствари, само у различно пакување. Наредна мислам дека е Syndicate, ќе видам таа што ќе има да понуди, кога ќе дојде време.
Пред некое време ја изиграв Cyberpunk 2077, и ми требаше многу време додека да ја изиграм. Ја влечкав, ја тегнев, едвај се натерав да ја завршам. Претпоставувам дека поради тоа што не ме привлече баш многу многу, не ми направи филм. Да беше тоа случај, тогаш многу побрзо ќе ја изиграв, и многу веројатно дека ќе сакав да ја играм одново, само со друг сетап (ја изиграв како Street Kid, ваљда ќе ја играв како нешто друго). Арно ама, како што реков, не ми направи баш мерак.
Исто така пред извесно време ја изиграв Spider Man Remastered - GOTY Edition. Никогаш не сум бил фан на Спајдермен, али играва е нешто друго. Си има повремени фалинки, ама сума сумарум како пакет е одлична, дури и ако немаш мерак за стрипови, Марвел и слично. Како игра е едноставно одлична и многу забавна.