Го имаше тука за црни петко, за 450 евра со два контролери... За многу малце „ќе ми се кликнеше“
Мене ми се кликна, ама беше 450 евра со еден контролер во Нептун, па доплатив уште 60 за втор од Gjirafa50 . Нит добар телевизор имам, нит волан (yet) ама откако го зедов пред некои 2-3 недели, се изнаиграв. И се спремам на Gran Turismo 7, да ја намалет малку новогодишно па би ја зел.
Ајде клабери земете ја гт7 малце да ве испердашам . Добро е што после последниов апдејт пред месец дена може да си направиме приватна група и да се тркаме само ние.
Јас земав пс5 некаде март месец и од тогаш ја играм само гт7. Најдобра инвестиција за кулирање! Ги поминав сите мисии но најдоброто е онлајн секоја недела имаш стази и врз основа на времето на квалификации и како се однесуваш на стаза добиваш ранг и те става во група слични на тебе. На почетокот е заебано зошто има многу аматери што се маваат и незнаат да се тркаат нормално но со тек на време ако си упорен ќе си го подобриш рејтингот и те става во група со нормални луѓе каде што не те маваат од позади на секое кочење.
Јас ја чекам да биде на поасолен попуст па евентуално да ја пазарам. Некако не ми се плаќа пуна цена за игра што не знам ни дали и колку ќе ја играм
Еве сега е намалена од 70 на безмалку 40 евра, ама ќе почекам, секако имам backlog од едно чудо други игри што сакам да ги изиграм прво.
Конечно успеав да ја завршам Assassins Creed Unity. Интересна прича вози (како и другите досегашни игри од серијалот), али и после сите поправки, закрпи и што ја знам, сеуште е мноооогу баговита и на моменти фрустрира. Наредна од серијалот ми е Syndicate, арно ама, ќе правам сеа пауза од таа околина, и ќе пробам да изиграм нешто друго, ако имам време и желба.
Ете за волја на иронијата, пак ме влечат игри кои веќе ги имам изиграно, ама ете, ми оставиле силен впечаток па сакам пак: Spider-Man (GOTY Edition) & Deus Ex: Mankind Divided.