Немаш проблем да возиш 205/55/16 на 16" бандаши - и јас ја возам истата големина. Само треба да видиш да не избега многу од фабричките вредности. Во упатството некаде би требало да има информации за димензии.
За гуми секој ќе ти препорача различно - на крај останува на тебе што сакаш - дали сакаш потврда и поспортска вожња, или сакаш нешто покомотно. Во Stop & Go има Bridgestone Turanza ER300 (ооодлична али многу тврда гума) за околу 5500 мкд парче, а би требало да добијат и Hankook S1 Evo за околу 4500.