- Во кола, отворите од парното се секогаш прави, се местат само по мноогу голема потреба од ладно/топло
- Многу мразам кога нешто дрнка во колата
- Не можам да спијам во топла просторија, а морам да сум покриен
- Сакам да спијам во потполна темнина
- Гледам да спијам точно 8 сати, со мали отстапки
- Секогаш јадам пред да спијам
- Мразам саат кој штрака, особено каде што спијам
- Кога некој ќе ме престигне, веднаш анализирам што кола е, мотор, снага, итн
- Зависник од брзина, брзи свиоци, општо брза вожња
- Икам без потреба или причина, три-четири пати и престанувам
- Се што може да се оверклокира од електронски уред, мора да е оверклокирано
- Мислам дека само јас тука работам со IE
- Кога пуштам глас на телевизор/систем, гледам бројката да завршува на 0 или 5 (пр 20, или 35)
Има уште, ама многу ми се спие сега...одам да јадам
