Автор Тема: Проблем со VSS на Опел Астра F од 1995 година (автоматски менувач)  (Прочитано 2896 пати)

Отсутен Princ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Здраво до сите,
пред околу 1 година ја купив колава и од самиот старт го има проблемов. При возење на автопат и на поголеми брзини (100+ км/ч), при нагло успорување од таа брзина (патарина, несреќа на патот, било што друго), ми се вклучува "check engine" сијаличката. Откако ќе се уклучи таа сијаличка и доколку го продолжам патот, моторот станува доста тромав, не се постигнува претходната брзина лесно... Треба да застанам целосно, да го исклучам моторот, да почекам некоја секунда, и повторно да ја запалам колата. Колата ќе се однесува добро и "check engine" нема да е вклучено се дур повторно не успорам/застанам од поголема брзина. Поради тоа дефектов скоро никогаш ми го нема појавено кога возам низ град, а секогаш на автопат ми го прави.
Ја имав на компјутерско дијагностифицирање и ми кажаа дека дава грешка 24, што значи Vehicle Speed Sensor - no signal.
Прашав за сензоров во една продавница за Опел автоделови и ми кажаа дека го немаат сензоров но може да ми го порачаат и чини 130 евра.
Во меѓувреме сменив и масло на менувачот, надевајќи се дека тоа ќе го отстрани проблемот, ама ништо.
Проблемот е што различни мајстори - различни причини/решенија ми кажуваат, и ми изгледа како сите нивни совети се trial and error, а не конкретно искуство. Еден ми вика дека е VSS, друг дека менувачот ќе ми откаже кај и да е па најдобро да купам нов, а мнозинството не сакаат ни да ја погледнат бидејќи не е обично менување на масло или филтер за воздух. Сега сите начини за решавање на проблемов да земам да ги тестирам ќе ме фати многу нерви, време и пари, па затоа се обраќам на членовите на форумов случајно некој да не има искуство со проблемов и релативно посигурен начин за негово отстранување.

Благодарам однапред ако некој може да помогне  :)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
добре дојде на форумот и имај пријатен престој,за проблемот сигурен сум дека со Маршер ке го решиш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D


Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Маршер е Опел мен :)

Отсутен Princ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Маршер ми го фалите многу, се надевам ќе се појави на темава со негово мислење и совет за проблемов :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Маршер може да ти даде можни проблеми, меѓутоа решение без колата на дијагностика и сервис не може.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Друже да пробаш да земеш половен сензор, или најпрво бидејќи ти дава но сигнал да пробаш да не е откачен сензорот, скината жица.

Отсутен Princ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
@AllMightyMe, не е проблем, ќе ја однесам... само да ме упати некој каде/како/кога :)
@Ogi88 друже, пробав да најдам половен по тоа тетовските плацеви или како и да ги викаа ама не успеав. Проблем е дека се работи за автоматски менувач, а такви не верувам во земјава да ги има многу. За жици не знам, не сум во можност да проверам :)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Принц можеш ли да пишеш кој мотр носи (код на моторот) астрата и колку брински е менувачот?

Отсутен Princ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Ogi88 фала на интересот :)
Моторот е C14SE.
а колку брзински е менувачот немам апсолутно никаква идеја. На менувачот има бројки 1 2 и 3 па D N R P.
Ако смеам да играм со бројка би рекол 5.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Принц еве линк од ebay за сензорот не е многу скап ако може некој да ти го нарача ако искочи тој да не е во ред
http://www.ebay.com/itm/VAUXHALL-OPEL-ASTRA-F-G-H-MK-3-4-5-AUTOMATIC-AUTO-GEAR-BOX-SPEED-SENSOR-NEW-/250934147006?pt=UK_CarsParts_Vehicles_CarParts_SM&hash=item3a6cd737be

А еве и од аутодата како може да се испроба тој дали е функционален



Uploaded with ImageShack.us

Отсутен Princ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Тоа е одлична цена Ogi88 за да си ја решам макава!
Би го порачал веднаш, но останува ризикот дали е всушност расипан сензорот. Јас колку што го прочитав упатството од AutoData ми изгледа како нешто што не можам да го направам самиот од страв да не заебам нешто уште повеќе :/

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Аутопрестиж е основана 2005г.Специјалност-Opel возилата
Се наоѓаме во Автокоманда, на ул.„Лазар Поп Трајков“ бб
Тел.(02)3109516
Моб.  070311163

Ако си од Скопје тркни до таму, Маршер и Оги ќе ти го проверат

Отсутен bobi 903

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Sto napravi so problemot go resi ili!!!

Отсутен Princ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Sto napravi so problemot go resi ili!!!
Ништо сеуште. Ни почна постот и не успеав да се слушнам со маршер за да се договориме да ја однесам да ја види.
Планирам од понеделник натаму да го побарам па кога ќе има време да појдам до кај него :)