Започнува со производство на електромобил
Чешкиот автомобилски гигант Шкода ауто" започнала со изработка на десетина автомобили на електричен погон "октавија грин лајн", јави дописникот на МИА од Прага. Автомобилите кои ќе бидат готови есенва засега не се наменети за продажба, туку за тестирање на нивната практична употреба, сигурност и безбедност. Сериското производство се најавува за 2013 или 2014 година.
Првиот електромобил" произлегува од моделот Октавија комбии, чија конструкција е идеална за монтажа на батерија, електронски контролни единици и електромотор.
Електричниот мотор обезбедува континуирано работење на 60 киловат часови (КВЧ) со максимална моќност од 85 КВЧ. Октавија грин лајн" има забрзување од нула до 100 километри на час за 12 секунди. Нејзината максимална брзина е ограничена на 135 километри на час. Новиот автомобил енергијата ја црпи од литиумјонски акумулатор составен од 180 индивидуални литиум јонски ќелии со вкупна енергија од 26,5 КВЧ енергија и тежина од околу 315 килограми.
извор:
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E3325F54F9052442A292C0AD3C22C72E