Најмоќната Astra ќе биде GTC со дизел BiTurbo мотор
Интересно е што Opel Astra со дизел мотор е најмоќната верзија во понудата, несметајќи ја OPC изведбата...
Да, помести се во “спората” лента, бензинец. Оваа Astra под хаубата носи 2.0-литарски CDTi BiTurbo мотор, односно 195 КС, два турбо-полначи и 400 Nm максимален вртежен момент.
Овој мотор е доволен новата, освежена Astra GTC да спринта до 100-ка за 7.8 секунди, со просечна потрошувачка од само 4.5l/100km. Во стандардна опрема спаѓа и Start&Stop систем.

Двата турбо-полначи (еден мал и еден поголем)работат на следниот принцип: прво работи малиот, на пониски вртежи, со што се елиминира оној празен простор додека да се “разбуди” турбото, додека оној поголемиот се уклучува на повисоки вртежи, со што овозможува поголема сила, по исклучувањето на малиот турбо поланч.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=2797