Кој пробал 200кс во Голф класа нема никогаш да се врати на 110, така да нормално е да се менуваат и луѓето. Што живот ќе е тоа ако едно та едно исто се прави само.
Некомуне му се доволни ниту 300 коњи, но тоа не значи дека не се доволни 110 коњи.
Плус клиото не е голф класа, туку е поло класа.
И повторно се враќаме на тоа што реков, секому различно е доволно.
Според мене лично ете 200кс се супер во таа големина на кола, со 300 би било одлично, 110 би биле некој минимум за употребливост.
За Поло класа лично не ни гледам каква употребливост имаат веќе па не би сакал да ги коментирам, ама 110кс вајда се Ок, според мене (гледам ова треба да се напоменува цело време)
110 коња не се проблем во вакво мало возило. Проблем е што доаѓаат од 1.0 трицилиндраш.
Тотално се слагам!
Саше, колку што знам минимум = доволно.
Претходните муабети беа дека е недоволно
Јас те сфаќам, ама стварно различна е границата за доволно, тоа сакам да кажам.
110кс во Голф
јас не би купил никогаш, мене ми се недоволни. Ама тоа не значи дека не треба да постои, штом толку долго се продава сигурно има и луѓе на кој што таа снага им е доволна.
Еве новиов Порше Кајен има 1156кс и 1500NM обртен момент, тоа за некој е премногу, за некој е доволно. Нема општо правило, затоа секој си кажува за него што и како е на форумов и тоа е тоа.