И PORSCHE ПЛАНИРА КОНКУРЕНТ НА BMW X6Откако на автомобилскиот салон во Пекинг, Mercedes-Benz го покажа прототипот Concept Coupe SUV, директен конкурент на баварското теренец купе Х6, сега и Porsche планира да ја прошири својата палета на луксузни спортски кросовери, додавајќи кон неа уште слична варијација на оваа тема.
Новината ќе се темели на Cayenne, но формата на каросеријата ќе е со заострени линии во задниот дел и ќе претставува купе од т.н. категорија лифтбек. Иновацијата ќе се позиционира како поспортска варијанта на Cayenne, а под хаубата и ќе бидат монтирани повеќе моќни дизел и бензински агрегати.
Се предвидуваат и хибридни енергетски погонски состави, кои ќе се комбинација од електромотор и дизел мотори. Предметниот спортски кросовер ќе е еден од седумте нови автомобили кои ќе се прават на платформата MLB. Ќе потсетиме дека таа се развива во моментов од брендот Audi.

Новото купе на Porsche е планирано да се појави во 2018 година, во исто време кога ќе биде претставена и новата генерација на Cayenne. Цената на новиот спортски кросовер ќе е за15-20% повисока од онаа на стандардниот Cayenne.
Шасијата ќе биде детално тестирана на Нирбургринг. Таа треба да биде пониска до асфалтот, а суспензијата ќе е покрута, односно главната цел е максимално низок заеднички центар на гравитација при оптимален клиренс. Идејата е иновацијата да има речиси тркачки карактеристики.
LosiPatista--------------------------------------------------------------------------------------------
Печатница бре, за некоја година ќе почнат и компири на пазар да продаваат. Алчни германчишта. Се повеќе ми стануваат одбивни германските производи.