Откриени спецификациите на новото М3 ( М4 ). За среќа стандардната понуда ќе е со мануелен менувач иако гласини беа дека ќе биде само со 7 брзинскиот М DCT на БМВ. Ќе има 3 литарски мотор придружен од 2 турбополачи и ќе испорачува 424 коњски сили на 7500 вртежи и повеќе од 536 Nm
torque ( не знам превод за ова ) вртежен момент иако не е сигурно за вртежниот момент затоа што БМВ не ја открива точната бројка. Сувата тежина ќе изнесува 1500 килограми што значи дека е 45 кг полесно од Е46 М3. Таа тежина е зачувана со голема употреба на карбон фибер на вратата од багажникот, кровот, погонската осовина и предниот strut brace. Потрошувачката во однос на стариот модел е подобра за 25%, а опционалната М-спорт суспензија ќе има 3 опции комфорт, спорт и спорт+ ( нормално ).
