<---- дискретно погледнува кон Класниот...
Да, јас би купил Golf R пред Evo или STI. Јас сум еден од оние чудните што сакаат добар ентериер, добра звучна изолација, фини пластики и чувство дека сум дал одредена сума пари за колата.. Ако додадеме дека Golf R во Германија ќе почнува од 38.000 евра, а STI и EVO почнуваат од 47.000 односно 42.000 евра..
Пред да каже некој дека е терање инат, не е. Свесен сум дека STI и EVO на крајот на денот се пофокусирани возачки машини, но не сум спремен да ризикувам 90% од комфорот за да добијам 10% од перформансите. Реално, пре би купил Audi S3 за 39.000 евра.
И да, Golf R се споредува со Меган и со Астра и со сите други, па и со A45 AMG и М135i. Таа класа е класата, таа е големината, таа е (грубо) коњажата.