Тоа го зборам Мече, а истово го збореше и професорот по "мотори со внатрешно согорување" и уште еден пред 1-2 недели.
И им верувам затоа што кога ќе подразмислиш стварно нема смисла тоа кај нас. КЕРС би бил убав систем да го има во колите.
@Deni
Незнам, затоа пишав дека трескам без врска.
Ме мрзи да барам податоци (ако и воопшто може да се најдат), некој ако има нека постави и да видиме дали е 1:1 или помалку или повеќе..
Edit: Најдов еден податок од ЕЛЕМ за 1 кг CO2 на 1 kWh. Ако е стварно толку, тогаш го имаме следново:
-Една кола во просек има CO2=150 g/Km
-Електричната од 50 kW, за 1 час ќе потроши 50kWh, што е еквивалентно на 50кг CO2.
-При возење со просечна брзина од 30 km/h за еден час ќе помине 30 км.
-Значи за 30 км, нашиот електричен автомобил би потрошил 50 кг CO2.
-Колата од првата точка би потрошила 4.5 кг CO2 на истите 30 км.
Нешто не е во ред, дали утнав во пресметкава или податокот што го најдов не е точен, или пак стварно е толкава разликата.
Слободно некој нека ме поправи.