Абе види сега е незамисливо тоа, ама доколку го разгледаме пазарот на нискобуџетни возила како цвета во последно време, не е невозможно да никне ново Југо. Renault моментално опстои само од продажбата на автомобили од Dacia, па затоа се реши да активира уште два такви бренда - Lada и Datsun. И Volkswagen го ќарот на Renault, па сега исто така ќе активира нискобуџетен бренд. Доколку Fiat се одлучи на таков потег, најлогично е реактивирање на Zastava. Фиќото веќе има своја модерна реинтерпретација под знакот на Fiat. Следен најпопуларен модел е Југото. Ако ги ставиш ретро дизајнерските елементи од старото на нова каросерија по примерот на Beetle, Mustang, Challenger, Mini Cooper, нема да добиеш многу поразличен преден дел од овој на Honda Gear Concept. A и првата генерација на Civic е доста слична со Југото, па од таму е и мојата констатација дека наликува на Југо.

Имам многу развиена фантазија, али мислам дека ме разбравте што сакам да кажам.
