Иако официјалната презентација на овој “ѕвер” е закажана за март 2013-та, Ferrari во Париз не дојдоа со празни раце – ни ја презентираа шасијата на нивното најново чедо, а истата е изработена во целост од карбонски влакна, што ја прави лесна и екстремно цврста.
Што се однесува до гореспоменатата врвна технологија на изработка на оваа шасија, доволно е да се каже само дека доаѓа директно од F1. Споредбено со Enzo, новото Ferrari ќе има за 20% полесна, но и за 27% поцврста шасија. А ќе тежи “не повеќе” од Enzo (1.365 килограми), според извршниот директор на Ferrari, Amadeo Felisa.
Срцето на структурата е материјал нарачен “Nomex Honeycomb”, притиснат во сендвич од високо квалитетен карбон, во комбинација со кевлар.

Новото Enzo ќе користи 7.3-литарски V12, комбиниран со електро-мотор, што ќе резултира со повеќе од 900 КС, а тоа ќе го засени главниот ривал – Porsche 918 (со 784 КС), но и актуелното Enzo со “мизерни” 650 КС. Спринтот до 100-ка би требало да биде под три секунди, за забрзувањето ќе трае се до 355 km/h. Кон тоа ќе придонесе и менувачот со двојна спојка, а за сопирањето ќе се грижат керамички сопирачки.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3122