Родстер со 6,6 литарски дизелЧудни комбинации во светот на автомобилите од типот вградување на огромен дизел во родстер којшто се изработува рачно се својствени за Британците. Од праксата не отстапува ниту Trident.
Новиот модел на британската мануфактура Trident, Iceni Grand Tourer, кој е најавен за престижната изложба Salon Prive во Лондон каде се појавуваат најексклузивни примероци ќе носи моќен дизел.
Iceni Grand Tourer носи 6.6 литарски дизел поставен напред централно во шасија, односно зад предната оска. Моторот кон задните тркала турка 436 КС и камионски вртежен момент од
мрсни 1.286 Nm при 3.250 врт/мин.
Без оглед што е задвижуван од дизел остварувањата на родстерот се импресивни. Спринтот од место до 100 km/h трае само 3,7 секунди, а максималната брзина се достигнува кога брзиномерот ќе покаже 320 km/h.
Од Trident велат дека ова важи за послабата варијанта бидејќи инженерите работат на доработка на моторот кој ќе испорачува
669 КС и 1.422 Nm, испитувањата се во тек, но конкретни податоци за перформансите нема.
Причината зошто во Trident се одлучиле за дизел е неговата штедливост и задоволување на еколошките норми. Воедно сакале да создадат автомобил со одлична возна динамика, но со ниска потрошувачка.
Iceni Grand Tourer при брзина од
115 km/h кога моторот се врти на само
980 врт/мин троши 4,1 l/100 km, а поставувањето централно во шасијата овозможило добар тежински распоред и ниско тежиште без оглед на големината на моторот.
Цената ситнурија. Основниот модел почнува од 75.000 британски фунти.
http://www.time.mk/read/77f2c0657d/fe11fa9eaa/index.html-сме се разбрале кај болдираното.