Државни службеници со домашни автомобили
29.02.2012
Властите во Кина забранија на државните службеници да се возат во странски автомобили. Во иднина сите кои земаат плата од државата ќе се возат во возила од домашно производство.
Ваква одлука е донесена за дополнително да се стимулира производството на автомобили на кинеските компании. Министерството за Индустрија и за Информатички технологии одреди и кои модели можат да се купат.
Имено на списокот се вкупно 412 модели кои можат да ги купат државните службеници и секако меѓу нив нема ниту еден странски модел. Списокот ќе биде отворен до девети март заради можни корекции.
После тоа работата е запечатена. Воедно покрај службениците и сите државни служби па дури и највисоките државници ќе се возат во службени автомобили произведени во Кина.
Податоците велат дека кинеските власти и државните службеници во 2010 година потрошиле 12,7 милијарди долари за нови автомобили од кои само 4,5% отпаѓаат на кинеските производители.
Од 2007 година пак бројот на службени автомобили нараснал на 5,2 милиони од кои дури 80% се странски марки, а просечната цена на еден автомобили изнесува 25.000 долари.
Интересно со објавувањето на информацијата акциите на кинеските компании веднаш забележаа раст на берзите најголемите од нив се Dongfeng со раст 10%, FAW со раст 4,9 % и Great Wall со раст 3,6%.
Ах, камо ние да имавме домашно производство на автомобили па масивната државна администрација да мораше да се вози само во нив.
http://www.vozi.com.mk/panorama/drzhavni-sluzhbenici-so-domashni-avtomobili.html------------------------
ona sto vo Italija i Germanija se pravi molceskum, kinezite ne se sramat da go kazat glasno.