Француската алијанса PSA Peugeot Citroen е во преговори со американскиот концерн General Motors за обединување на двата гигант од кои ќе се формира нова светска автомобилска алијанса.

Преговорите се водат веќе неколку месеци, а напредок има бидејќи и двете страни успеале да се договорат за поголем дел од точките кои биле ставени и околу кои се преговара.
Иако информациите кои се однесуваат на ова здружување се оскудни медиумите во Франција благодарение на исајдери дознаваат дека не станува збор само за обична соработка на техничко поло туку за нешто поголемо.
PSA одамна најавува дека сака да направи нова алијанса со еден од најголемите производители на автомобили во светот. Од тука може да се заклучи дека PSA и GM се на пат да создадат алијанса по примерот на Renault-Nissan и Fiat-Chrysler.
Дека се работи за голем проект од кого ќе произлезе нова алијанса PSA-GM објавува и британскиот економски магазин The Financial Times. Во следниот период се очекуваат повеќе детали на темата.
http://vozi.com.mk/vesti/psa-i-gm-se-zdruzhuvaat.html