И од најсилниот, има посилен - Audi TT-RS PlusОзнаката RS досега ја носеа најпрестижните модели на Audi, но изгледа дека и од најпрестижниот модел има попрестижен...
Суфиксот Plus во ознаката на Audi TT-RS претставува унапредување на 2,5-литарскиот 5-цилиндричен мотор за 29 КС и 15 Nm, што вкупно му носи 360 KS и вртежен момент од 465 Nm. Купувачите и понатаму ќе можат да бираат помеѓу рачниот шест-степен рачен менувач и автоматизиран менувач со 7 степени.
Во случајот со опрвата трансмисија, до 100-ка TT-RS Plus ќе стигнува за 4,3 секунди, додека во моделот со автоматски менувач, за истото растојание на автомобилот ќе му бидат потребни две десетинки помалку. Максималната брзина е ограничена на „само“ 280 km/h.
Модификациите не се исклучиво механички, па така Plus носи и мат-алуминиумска решетка за ладилникот, нови 19-колни алуминиумски фелни и куќиште за страничните ретровизори изградени од јаглеродни влакна збогатени со полимер.
Најсилниот TT е достапен во купе и roadster верзија, а почетната цена во Германија изнесува 60.650 евра.




