Јас бев во петокот, ги начекавме некој блуз бенд (одлични), Влатко Стефановски (стандардно добар) и Есма (што звучеше као пародија на себеси). Мои импресии:
- Одлично организирано.
- Добра скара по нормални цени.
- Добро пиво по нормални цени (Budweiser 70 мкд, Јелен 60, точен Старопрамен 80, итн)
- Многу простор.
- Многу различни места да се земе пиво и скара. И во најголемата гужва не чекав повеќе од минута нит за скара нит за пиво.
- МНОГУ ВАЖНО - Никој не ме тераше да купам бонови. БОНОВИ!
- Пивото беше кочан ладно.
- Сите (ама баш сите) беа многу услужни и фини.
- Во ниеден момент не се осетив као во концентрационен логор (хинт: Пиволенд лани на Борис Трајковски).
Се слагам за Лепа Величкович и компанија, али јебига, на тоа се пали народ кај нас, и со време ќе се смени кога конкретната генерација ќе скине конци.