Дали е општа карактеристика за германските пива да се помалку газирани од нашиве? Или тоа е случај само со оние што сум успеал да ги дегустирам?
Газирано и кочан ладно пиво е заради маскирање на неквалитет. Летно време се пие изладено пиво, но не и до точка на мрзнење.
Минималната температура на пиво е некаде 7-8 степени за лагер/пилс. За вајцен е 10ина степени, а темно/матно пиво околу 11-12. Се друго е или престудено или претопло за самото пиво (иако во Баварија некогаш за ручек се пиело неразладено пивце).
Самото пиво колку е поладно испушта многу помалку од карбонизацијата, и аналогно на тоа испушта многу помалку арома и вкус.
Но, да бидам искрен, чешкиот пилс е ем поевтин и подобар. Ама за тоа имаат удел и невестите таму.

Приказната за ледено ладно пиво доаѓа од американските мочки, кои нит имаат арома, нит имаат некој изразен вкус, нит имаат некаков квалитет. Целата индустрија на големите производители им се базира на реклами за кочан ладно пиво.
Па ако некогаш ве води патот во Америка, да пробате Sierra Nevada Pale Ale или Torpedo. И двете се водат како IPA (Indian Pale Ale).
Или најдете некоја локална пивница (микропивниците со сопствено производство стануваат многу популарни во САД). Таман, повеќето имаат и мени за мезе/јадење, па да се налокате и нагнетете како стока.
Заедно со Францисканер мои две омилени германски (баварски) пива.
Пробај Augustiner Bräu Weissbier. Ѕидарско. Толку меко пиво, а богато на вкус. Мислиш ти се топи во уста. Плус, мислам дека пивницата е една од најстарите независни во Германија од 1300инекоја година.
А за Полајнерот, во какви чаши го служат? Затоа што вајцен ако не го служиш во чаша, вкусот му е уништен за сите времиња. Пилс/Лагер некако се јаде од шише, ама вајцен, не.
Вакви треба, доле да се стаи квасецот/ плус кога се чука, наздравува се чука со дното. За квасецот да се размрда и го држи пивото матно.
