Автор Тема: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)  (Прочитано 29116 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #30 на: 08 Јули 2012, 11:40:31 am »
Wooow!  БРАВО!!

Се радувам на вакви проекти кои се детално објаснати. Ова е и целта на форумов. Браво уште еднаш.

Прашање од мене: Овај кинескиот уред како се покажа? Дали има добра слика, добар звук, како е со GPS, мапи итн..... ?

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #31 на: 08 Јули 2012, 13:14:48 pm »
@APD

Претстави го количето во  возила на членови

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #32 на: 08 Јули 2012, 14:07:32 pm »
sekoja cest bravo majstore bravo !!!!!

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #33 на: 08 Јули 2012, 14:27:26 pm »
bravo decki sekoja cest  ;)

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #34 на: 26 Јули 2012, 13:27:45 pm »
Wooow!  БРАВО!!

Се радувам на вакви проекти кои се детално објаснати. Ова е и целта на форумов. Браво уште еднаш.

Прашање од мене: Овај кинескиот уред како се покажа? Дали има добра слика, добар звук, како е со GPS, мапи итн..... ?

Од кинескиот уред сум презадоволен, еве нешто повеќе од една година го користам, не сум имал никакви проблеми. Ни на високи температури, знаете кога ќе се напече кола на сонце, екранот не му се ни допира, не покажува никакви знаци на слабост :). Екранот е со резолуција 800x480, пикселите не се познаваат, изгледа мазно. Мана е што на дирекна изложеност на сонце видливоста е многу слаба бидејќи екранот е сјаен, ама и на смарфоновите (мобилните) не се гледа па ги користиме. Софтверот што му е вграден изгледа фино и модерно, со крупни икони за лесно да се контролира при возење. GPS сигналот е многу подобар од било кој мобилен телефон :) барем така мислам, јас имам HTC Desire мобилен, многу побрзо лоцира уредот отколку телефонот, со иста апликација, брзина на движење и место. Ретко се губи сигналот, скоро ич, еднаш ке лоцира и си тера додека не го изгасиш :). Е сега за мапи и гпс софтвери, тоа е малце релативно, бидејќи уредот работи на оперативен систем windows ce 5.0 па може да се сними било кој гпс софтвер кој работи на оваа платформа. Јас користам IGo Primo, за мапите најмногу зависи од тоа колку се ажурираат и која покриеност ја има. За кај нас во Македонија, покриеноста е многу слаба за разлика од другите земји (ова е за сите гпс софтвери не само за Igo), значи Скопје е покриено скоро цело, сите градови ги има со улици, во помалите градчиња и села ги има само главните улици, низ планини малку е полошо обележан патот, како поместен е па имаш чуство дека возиш по ридови, а не по патишта :) но може да се занемари тоа, не влијае многу на орентацијата, еве јас сега скоро се вратив од прошетка низ земјава, ја извозев скоро цела, секаде се однесуваше одлично :). Разликата од другите земји е што на пример мапата за Грција е 350mb, за разлика од Македонија која е 1.8mb :). Значи Европските земји се покриени околу 95%, а Косово, Македонија и Албанија многу послабо. Важно главните патишта ги има секаде целосно покриено.
Аудиото на уредот е одлично преку FM Transmiterot.
Видеото е слабо, сецкаат видеата, не идат многу глатко, ама тоа зависи и од форматот на видеото, битрејтот, резолуцијата и други работи. Моментално сум во фаза на тестирање на идеалниот формат кој ке работи како што треба, Во него имаше едно видео вградено тоа си тече убаво, најверојатно тоа е некој оптимален формат :) ќе видиме.
Слики - одлично!
Игри - одлично!
Bluetooth поврзување со телефон - одлично!

@APD

Претстави го количето во  возила на членови


Наскоро ќе го сторам и тоа :)
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #35 на: 26 Јули 2012, 19:34:04 pm »
пробај со garmin-ова навигација ( софтверот само ке го инсталирас и лиценцираш - ова бесплатно е - пиратерија  :D ) јас на телефонот имам garmin ( не се најновите мапи моите се 2011 ) и сум презадоволен ги има дури и малите градови со скоро сите улици имиња на улици и објекти од секаков вид ( мапите зафакаат околу 3gb за цела европа заедно со adria-route ( бившите југословенски држави со многу добри мапи )

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #37 на: 04 Август 2012, 03:13:28 am »
Мана е што на дирекна изложеност на сонце видливоста е многу слаба бидејќи екранот е сјаен, ама и на смарфоновите (мобилните) не се гледа па ги користиме.

Пробај да си ставиш темна позадина на gps-от, колку толку поубаво ке ти се гледа, иначе, нема лек за тоа  ...
Кај поновите телефони е решен тој проблем ...

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #38 на: 04 Август 2012, 09:50:16 am »
Мана е што на дирекна изложеност на сонце видливоста е многу слаба бидејќи екранот е сјаен, ама и на смарфоновите (мобилните) не се гледа па ги користиме.

Пробај да си ставиш темна позадина на gps-от, колку толку поубаво ке ти се гледа, иначе, нема лек за тоа  ...
Кај поновите телефони е решен тој проблем ...

Темна е позадината, проблем е заштитната фолија, ја апсорбира светлината и целата свети... не е толку страшно, ретко се случува дирекно да удира во него јако сонце. Кај поновите телефони може е решен, ама ова е кинески уред и алал нека се парите што сум ги дал за него :)
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен ZeusftW

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #39 на: 01 Ноември 2012, 03:15:16 am »
Браво APD. Ми се свиѓа тоа како си го направил и како изгледа. :)
Се надевам дека и јас некој ден ќе уградим еден дисплеј во колата :D

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 941
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #40 на: 04 Април 2013, 20:45:05 pm »
Браво! :D

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #41 на: 05 Април 2013, 10:00:03 am »
Го гледам проектов и се чудам........БРАВО момче.....!!!!!!
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #42 на: 29 Април 2013, 23:29:59 pm »
Па дечки одамна не сум пишал на форумов нешто ново, па решив повторно да споделам со вас како и претходно.
Како што кажав на крајот на првиот пост, а и малку што ме издаде Mihail во вториот, решив да го обновам Аудио делот на мојот автомобил.

Планот ми беше:
- Да ги префрлам каблите и сетот прекинувачи за дисплејот, од пепелникот во левата фиока која се наоѓа до воланот (Ова го спомнав на крајот во првиот пост);
- Да го приклучам сетот прекинувачи (а со тоа и заменам старите-привремени прекинувачи (и ова го спомнав на крајот на првиот пост + има слика);
- Да намонтирам појачало;
- Да намонтирам woofer;
- Да намонтирам предзасилувач помеѓу радиото и појачалото;
- На сетот прекинувачи да ја приклучам remote жицата од радијото до појачалото, за рачно гасење на истото;
- Практично да го сместам појачалото.

Фабрички моето Peugeot 407 поседува Blaupunkt RD4 радио, со 4х15W моќност. Има 4 звучници JBL (2 tweeters, 2 woofers and two broad band).

Се подновив сo:

Woofer: JBL GT5-1204BR



Спецификации:



и појачало: MAC Audio MPX2000



Спецификации:



Монтажата повторно ја правев со Mihail, кај него пред куќа (се знае кај ни е работилницата :D). Како и претходно врска си немавме како се монтираат чудава, ама со малку распрашување и сурфање по интернет

научивме се што ни е потребно и започнавме со монтажа. Можев да платам 1000-1500 ден. за монтажа во некој сервис, ама кај е тука предизвикот, нели? :D
Слики од процесот на монтирање немам :( не прашувајте зошто, бидејќи ни јас незнам да одговорам зошто... можеби Mihail знае :P. Ама имам слики од финалниот производ и уште нешто што можам да го кажам дека е

еден мал DIY проект кој искочи доста практичен, ама за тоа понатаму во текстот.

Накратко теоретски ќе објаснам:
- Од акoмулатор дебел кабел со силиконска заштита --> осигурач --> продолжува истиот кабел до самото појачало во гепекот.
- ISO Конектор не барав, зошто тешко кај нас да најдам за моето радио... купив предзасилувач и го поврзав на задните (rear) звучници. Со вакво поврзување можам многу лесно да го регулирам соодносот предни-задни

звучници, а со тоа и вуферот кој се регулира заедно со задните звучници.
- Значи радио --> предзасилувач --> дебел стерео кабел --> појачало (стерео влез - два пина).
- Следува радио --> remote жица --> прекинувач --> појачало.

Еве неколку слики од прекинувачите кои ги поставив во фиоката (отворена и затворена)

 

Занемарете ги каблите што се гледаат. Сеуште незнам каде да набавам некоја пластична кутија (или нешто друго) во која ке го сместам сетот прекинувачи за да се фиксира во фиоката. Ако имате некој предлог,

слободно предложете.

Сите кабли ги поставивме на местата каде се планирани кабли, ниеден кабел не се гледа, сите се под капак (пластика) вметнати и затворени.
Интересно е што од прва се успеа, малку подесување на звукот преку појачалото и радиото беше доволно за да го задоволи мојот апетит за музика.

Следно што сакав да направам е да го сместам појачалото, негде каде што нема да смета, каде нема да се поместува при вртење, а воедно и да е практично за подесување.
На Mihail му текна идеја, да се постави појачалото на самиот woofer во неговата косина. Таму нема да смета и многу паметно ќе биде организиран просторот.  Се согласив веднаш.

Реализацијата беше моја, а планот е следен:



Значи, земав мерки од кутијата на woofer-от, сакав да свиткам два лима со дебелина од 2-3mm, кој ќе лежат на неа со тоа што нема да прават никаква штета на кутијата. Ќе се потпираат на предната страна, а

тежината на појачалото ке го влече во спротивен правец и ќе лежи на косината. На нив ќе направам дупшиња на кои би се наштрафило појачалото.

Еве техничка слика од лимовите:



А еве и реална слика од нив, веќе свиткани:



Следно што требаше да направам е да се избушат дупчиња на лимовите. Земав мерки според држачите на појачалото, направив дупчиња. Бидејќи држачите ќе лежат дирекно на кутијата одоздола несакав да ставам мутери

на штрафовите бидејќи само ке се набиваа на теписонот и сигурно ќе го оштетеа. Друга опција беше да се завари на нив штраф со што мутерите би дошле одозгора.Јас решив да направам гвинт во самите дупчиња, според

мене најдобро решение.



Бидејќи направив гвинт, мораше да се скратат штравчињата за да не излагаат одоздола и да не го оштетуваат теписончето на кутијата.



Следно е фарбање на држачите. Најпрво добро шмирглање.

 

За баксуз, спрејот веднаш цркна, почна да протекува од сите страни...



Како и да е, купив нов спреј (поквалитетен) и ја завршив работата. Еве како изгледаат:



Следува монтажа. Од штравчиња за матична плоча најдов едни црвени прстени за подобар контакт, јас ги употребив за штравчињата да не ја гребат бојата на држачот.

 

Еве како изгледа намонтираното појачало само на држачот:



Потенциометрите на појачалото свртени нанадвор, за лесно подесување.
Следуваат уште неколку слики, кога се е на свое место:

 

 



Се читаме кога ќе имам нешто ново :)

APD
« Последно менување: 29 Април 2013, 23:43:34 pm APD »
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Mihail

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #43 на: 29 Април 2013, 23:38:23 pm »
Нема слики од монтажата зашто се напнавме  >:(, барајќи дупка во firewall-ot  на французинов :) и после набрзина дури и без проба се склопивме само и поврзавме   ;D

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #44 на: 29 Април 2013, 23:43:55 pm »
Машала, одлично сработено!
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“