Автор Тема: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]  (Прочитано 9947 пати)

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« на: 04 Август 2012, 02:39:14 am »
Еве и јас да го претставам моето возило:

- Модел: Peugeot 407
- Година: 06/2004
- Мотор: 2.0 HDI 16V (RHR), 136KS, 100kwh
- Nm/rpm: 320/4000
- Менувач: 6 брзини (рачен)
- Воздушни перничиња: 6
- Бандажи: Алуминиумски 16"
- Гуми: Micheline Primacy 205/55/R16
- Клима: двозонска
- Сензори за: дожд, влага, температура, светлина, притисок во гумите
- ABS/ESP
- Ретровизори со греачи и автоматско затворање
- Електроника на прозори
- Централно заклучување
- Борд компјутер
- Аудио: Радио со CD: Blaupunkt RD4 4x15W, Звучници: (2 tweeters, 2 woofers and two broad band),
- Висинско подесување на волан и седишта
- Кожен волан, менувач и рачна
- Бонус:
custom mod: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,4917.msg243665.html#msg243665
woofer+засилувач: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,4917.msg443752.html#msg443752
Звучна изолација: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,8997.msg453805.html#msg453805

Фотографии:





« Последно менување: 19 Мај 2013, 23:22:21 pm APD »
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2071
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #1 на: 04 Август 2012, 02:46:25 am »
Како прво добредојде на форумов, 407кава е одлично сочувана со одличен мотор, уште некое бандашче и издув да и се стави, да заличи малку. И затемнување на стаклата исто така не е на одмет. Колку имаш поминато,  како те служи... ? Како стои со потрошувачката, кварови и слично ? :)

П.С. Во иднина ако може да не ставаш watermark на целата слика, ептен ја уништува сликата и ги иритира очите... :) Позз
« Последно менување: 04 Август 2012, 03:11:32 am Vlatzki »

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #2 на: 04 Август 2012, 02:47:04 am »
А што ти значи APD ???

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #3 на: 04 Август 2012, 03:09:50 am »
А што ти значи APD ???

Има(ше) фирма со тоа име ...

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #4 на: 04 Август 2012, 09:45:30 am »
Како прво добредојде на форумов, 407кава е одлично сочувана со одличен мотор, уште некое бандашче и издув да и се стави, да заличи малку. И затемнување на стаклата исто така не е на одмет. Колку имаш поминато,  како те служи... ? Како стои со потрошувачката, кварови и слично ? :)

Забелешките ти се во ред, се согласувам, подобро би стоел малку поголем бандаж, за издув не сум мераклија, моторот и така вади длабок звук при забрзување. Стаклата сакам да ги затемнам летово, ама никако да најдам време :). Јас колата ја имам нешто повеќе од 1 год. 10 мес. (скоро 2 години). Ја купив со 119.250km, сега има 140.350km. За потрошувачка колата е многу економична ако ја гледаме нејзината големина, со мојот начин на возење 6.5-7 л/100км градска, 5-5.5л/100км отворено (по фабрички спецификации: 7.7л/100км градска и 4.9л/100км отворено. Повеќе пати сум правел мерења и пресметки излегува дека борд компјутерот колку ке пресмета просек за потрошувачка, толку и е вистина.

За кварови, со моторот досега не сум имал ни најмал проблем (се надевам нема ни да имам :)) досега работи одлично. Сервото еден период почна на моменти само потешко да врти, но заклучивме дека нема доволно масло во серво пумпата, дотуривме и се е во ред од тогаш.
Имаат фабричка мана постарите 407ци со дисплејот за борд компјутерот, на топлина пикселите се губат (pixel fadding), значи летно време не се чита ништо, пуштам клима 3 минути и се се чита на него :) Сега веќе го немам тој проблем, си купив нов дисплеј произведен 2011 год. на кој Peugeot  гарантира дека е надминат проблемот со губењето на пиксели на топло. Сега за сега е во ред (5 месеци).
Друг проблем што сум имал се ѕиваните... незнам од кој причина оксидираат и стануваат крути и лесно кршливи, едната ми ја скршија во перална (незнам како) другата јас на бензиска при пумпање, малку потесен беше отворот на компресорот и се скрши делче. Најголемиот проблем е дека ѕиваните се со приклучен сензор за притисок во гумите, ѕиваната е прицврстена со осигурувач на сензорот кој лесно се вади, ама не се продаваат одделно, само ѕивана неможеш да купиш... а сензор со ѕивана е 5.500ден. скапо... на интернет има само ѕивани ама и тие се скапи, околу 2.000ден. една.
Друга мана на колата е што има многу долг нос (предница), односно растојанието од предната гума до врвот на предницата е големо, така да на симнување од повисоки тротоари/места или на брадновиден пат регистрацијата обавезно страда (она е најнапред), браникот закачува доле. Е сега тоа не би бил никаков проблем да имавме поубави патишта, ама тоа е тоа :)
Друго не ми текнува, сум читал дека лесно страдаат предните долни јабучици поради тежината на моторот, ама тој проблем се надминува со ставање на поквалитетни јабучици :) Јас само една сменив, имаше луфта ама таква ја купив колата.

П.С. Во иднина ако може да не ставаш watermark на целата слика, ептен ја уништува сликата и ги иритира очите... :) Позз

Во ред, нема да ставам во иднина, приметив и јас дека смета, ама веќе ги имав направено сликите и upload-увано на сервер, па требаше се одново да правам...

А што ти значи APD ???

Ништо значајно за форумов, само мој Nickname :)
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #5 на: 04 Август 2012, 10:12:21 am »
Одлична лимузина со фантастичен мотор!

Мислам дека HDI моторите се екстра и не би требало да имаш посериозни проблеми.

Според мене  централната конзола е тотално погрешна,ама вкус е сепак.

Со здравје да се возиш.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #6 на: 04 Август 2012, 10:28:03 am »
Лепота, права лимузина.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #7 на: 04 Август 2012, 11:05:31 am »
врв кола,посебно со моторов :)

Отсутен NDarK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 459
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #8 на: 04 Август 2012, 11:49:57 am »
со здравје да си ја возиш многу добра кола а  доста опремена се гледа
само не сватив од странство ти е купена?

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2513
  • Дете Битолчанче
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #9 на: 04 Август 2012, 12:05:39 pm »
одлична лимузина, создравје да си ја возиш :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #10 на: 04 Август 2012, 12:10:32 pm »
со здравје да си ја возиш многу добра кола а  доста опремена се гледа
само не сватив од странство ти е купена?

Не не, не е увезена, од тука е купена.
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #11 на: 04 Август 2012, 12:29:12 pm »
Уште многу безгрижни километри да си поминеш без никаков проблем.Одлична лимузина!

Еве и јас како другите да кажам дека не е лошо поголеми бандажи да ставиш и малку да ги затемниш прозорите а и еден рамап на моторчето добро ќе му дојде!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #12 на: 04 Август 2012, 12:40:22 pm »
Одлично количе...
Во скоро време и јас би сакал да земам едно овакво, но не дизел...
Јбга, сум чул доста лоши муабети за овој тип на моторот, а и инџектори и тн...
Само може и да се само муабети...
Како и да е, многу безгрижни километри :)
По мене бандашите се ОК...Се друго што би ставил а не би направил некој други модификации со изгледот би изгледале шутка транс...
Пак ке речам, ствар на вкус... :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #13 на: 04 Август 2012, 13:01:42 pm »
Супер лимузина. Да си ја изнавозиш уште многу безгрижни километри.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Peugeot 407 2.0 HDI [APD]
« Одговори #14 на: 04 Август 2012, 14:26:50 pm »
Ауу браво, конечно една 407-ца да видам...ја обожавам...дефинитивно ми е една од најомилените коли. Имавме ваква со истиот мотор само др боја. ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ-ПРЕзадоволни бевме ама ептен. најголемата маана што можам да ја кажам за колава е што е премногу ниска ама многу ( за фамилијарна кола) симнување и качување на тротоар катастрофа...незнам колку пластики за регистрација иам сменето само :S за бандажите можеш поголемки да, нашите беа 17-ки памтам. Колата е фантастична, со здравје да си ја возите!!