Автор Тема: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)  (Прочитано 29121 пати)

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« на: 24 Јуни 2012, 21:54:33 pm »
Ова е лично мој направи-сам проект (DIY).
Проектот е правен во 2011 година, месец јуни, а сега го пишувам (Јуни 2012) - што значи објаснувањето е пишувано според сеќавање и фотографиите кој ги направив :).
Значи вака, возам Peugeot 407 2.0, одсекогаш сакав голем дисплеј во кола (централен дел на шалтабла), но моето возило е со мал борд компјутер. Бидејки постојат 407ци со голем дисплеј и изгледаат навистина добро, решив да се распрашам дали може да се вметне во моето возило поголем дисплеј наместо малиот. Одговорот е едноставен и директен - НЕМОЖЕ! Барајќи по интернет и зачленувајќи се во стотици форуми најдов дека фабрички неможе да се стави тој дисплеј (дисплејот од 407ците со голем екран), но може да се приспособи возилото со купување еден куп елементи и 100% познавање на електроника но сето тоа ќе ме кошташе приближно 1500евра. Тука спаѓа голем борд компјутер 6.5”, GPS антена, микрофон, телефонски приклучок, милјарда видови кабелчиња и џекчиња и уште некој работи кој во моментов не ми текнуваат. Како и да е 1500евра не давам - NO WAY!

Малку бев депресивен периодот, но сепак самата мака ќе те натера на размислување. Сурфајќи по интернет најдов многу интересни алтернативни начини да се вгради дисплеј во кола. Повеќето беа направени со 7” екран, значи само екран со флет кабелче, некако правеа тоа флет кабелче да се поврзе со лаптоп или notebook, па нив ги сместуваа под совозачко седиште или во самата касета пред совозачот. Некој вадеа екрани од portable dvd player-и, некој од мали телевизорчиња за во кола и сл. Ок е, да имаш компјутер во кола, ама јас не живеам во колата, само ја возам, а да се зезам со вадење лаптоп за да пуштам музика на него или интернет... не фала. Ќе си смислам свој начин. :)

По ebay разгледував GPS уреди, најдов многу добри 7” Made in China GPS уреди кој имаат се живо и диво во нив. Најмногу око ми фати овој Noname Chinese GPS, 7”, Touch Screen, резолуција 800х480, пушта слики, видео, музика, документи, MicroSD картичка од 16GB, AV-IN, Bluetooth, FM Transmiter и др. Уредот работи со Windows CE 5.0 и може да се употребува било кој софтвер за навигација кој работи на овој оперативен систем. Практично нели :) . Многу ми одговараше овој уред зошто е тенок само 12mm. Имаше опција и со wifi поскап беше 20$ ама мислам дека не ми треба wifi во кола, ќе треба да сурфам само на паркинзи т.е кога стојам во место...  btw понатаму во текстот ќе видите како ми се најде тоа што нарачав без wifi :) . Бидејќи планот ми беше да го вградам во самата кола, а не да го залепам на шалтабла, барав ефтин уред кој нема да ми е криво да го малтретирам, сечам, лемам и нема да ми е криво и да не функционира како што треба. Еве ги неговите спецификации:



System   
-------
CPU: Media Tek MT3351 533MHZ
Flash Memory: 128MBytes
EMS Memory: 64MBytes
Real-time OS: Microsoft WinCE 5.0 pro version
Display: 7.0” TFT touch screen 800*480
Dimension: 182mm*112mm*12mm

Connector
---------
Mini USB: USB 2.0 for Active Sync
Expansion slot: 1 SD (Secure Digital) slot
Audio jack: MS6313 16-bit resolution

Entertainment
-------------
Video player: AVI etc.
Audio player: WMA and MP3 etc.
Photo Viewer: JPG, GIF, BMP, PNG
E-book reader: TXT

Случајно најдов дека некоја верзија на 407 која е произведена исклучиво за јапонски пазар има два дисплеи во централната конзола, значи мал дисплеј оној што го имам јас и  голем дисплеј што го има на некој верзии на 407. На местото каде мене ми стоеше малиот дисплеј е ставен големиот, а над вентилацијата е ставен визор во кој е вметнат малиот дисплеј. Полн погодок...Фантастично нели :):):).

Следно што почнав да истражувам е да ги набавам маските за јапонската верзија на 407 и дали би пасувале на мојата шалтабла самите жлебови. Фантастично пасува се, ги најдов шифрите на деловите, појдов во Peugeot (Еуроимпекс) и ги нарачав.... малку чудно ме гледаа таму, а и неколку пати ми напоменаа дека за некоја јапонска кола Peugeot  се... но како и да е потврдно им одговарав дека свесен сум што нарачувам. Многу проблеми ми создаде маската за дисплејот, бидејќи стандардната 407 со голем дисплеј е 6.5”, а јапонската е 7”. GPS уредот што го нарачав е 7”, па и тоа ме бунеше дали се стандардизирани димензиите, дали форматот 16:9 е пропорционален со големината и слично. Колку да не ми е совест, најдов фронтални слики од маската за дисплејот и од самиот GPS, ги вметнав во софтвер една врз друга и пропорционално ги изедначив дисплејот со отворот на маската за дисплејот. Според таа логика одговараа па нарачав се и си реков па што биде нека биде :).



Планот ми беше:
- да обезбедам струја за GPS уредот со која ќе се напојува;
- да вметнам прекинувач, со што би прекинувал постојано полнење на GPS-от за да не се троши акумулаторот;
- да обезбедам прекинувач (тастер) кој ќе служи за пуштање и гасење на GPS уредот;
- да го извадам малиот дисплеј, а со тоа и неговата маска (нејзе нема да ја употребам), малиот дисплеј ми е всушност борд компјутер, на него ги дава сите можни информации, грешки, сликички, радио, клима и др. Што значи тој мора да биде присутен во колата;
- да ја исечам вентилацијата, нејзината мрежа и кабелот за борд компјутерот;
- да го продолжам кабелот за малиот дисплеј;
- да го преместам кабелот преку вентилацијата, малиот дисплеј  да го вметнам во визорот, да направам жлебови на вентилацијата за да се намонтира визорот;
- GPS уредот да го вметнам на местото каде што беше малиот дисплеј;
- да ја ставам маската врз GPS уредот;

Малку амбициозно, ама ако меракот е голем, се ќе се постигне...
За да биде појасно што што сакам точно да направам, кажува сликата подоле:
 


Еве некој од потребните елменти/алати за работа, останатите ги има подоле во текстот:



Прво што требаше да направам е да го отворам GPS-от, за да видам што се има внатре и како да го изведам делот со прекинувачот. Тоа беше скоро невозможна мисија, милјарда жлебови, толку цврсто направено како да е германско, а не кинеско :). Успеав некако... сосема очекувано.. микро технологија, милјарда ситнурии на мал простор. Вградениот прекинувач беше на горниот дел од уредот, а бидејќи тој ќе биде под маската кога ќе се вгради, па ке немам пристап до него. Значи ќе треба да ги најдам плусот и минусот за прекинувачот за да ставам кабел. Тука одлично ми се најде еден отвор, на кој имаше капаче, тој дел служи за wifi антената, која јас ја немав и низ него пуштив кабел кој влегуваше во GPS-от. Сакав кабел кој е убаво заштитен, а да биде тенок, па ми текна да употребам аудио кабелче кое се употребува во компјутерите за да се поврзе cd-rom-от со матичната/звучната картица  со цел да работи џекот за слушалки на cd-rom-от. Ги исеков непотребните жици од кабелот, го вметнав во отворот, му направив патека да не дава премногу отпор на лемовите, некаде го залепив и со силикон.  Имаше четири лемови на прекинувачот, ги најдов двата потребни со проба: две жички на прекинувач, држев на лемовите и ако се уклучи или исклучи уредот значи е во ред. Бидејќи многу ситни беа лемовите, приморан бев и да купам леткум кој има неупотребуван и здрав врв, со цел да ги залемам двете жички на прекинувачот. По успешното лемење, го затворив GPS уредот.



Следна фаза беше да обезбедам преку GPS-уредот да се слуша звукот на звучниците во колата бидејќи планирам музика да пуштам на него, а да се слуша на звучници. Кабелот за AUX влез во радиото е околу 50 евра што е апсолутно неприфатливо. Како и се, решив сам да си направам AUX кабел. Најдов шема за фабричкото радио во колата (Blaupunkt RD4). Најдов кој три пинови се употребуваат за AUX. Тоа се пиновите:  1 (десен звучник), 2 (заземјување) и 7 (лев звучник). Приметив дека растојанието помеѓу пиновите е идентично како на стандарден IDE кабел за флопи или хард диск. Бидејќи на радиото пиновите се машки, а на кабелот женски само требаше правилно да ги изберам жиците во кабелот кој ми се потребни и се поклопуваат со пиновите 4, 10 и 11. На другиот крај поврзав стандарден аудио пин кој ќе влезе во аудио излезот на GPS уредот. Еве како изгледа сето тоа:



Следно што треба да се направи е да се намести цврсто GPS уредот во маската, зошто сепак е кола, дупки, нерамнини, треба да е отпорно да не се клацка. Воедно и не го собираше целиот уред па морав да ги сечам ќошевите, рабовите малку по малку, за да влезе кнап, а и запазував да биде централно екранот во однос на отворот на маската. После макотрпно стругање со турпија, сечење со нож, скалпел и што веќе не, стигнав до самиот крај каде GPS-от убаво легна на самата маска. Дури требаше и некој жлебови да ги исечам на маската кој служат за да ја држат поцврста нејзината положба, бидејќи сметаа при адаптацијата. Можеби постоеше опција да ја извадам електрониката и екранот од самата маска на GPS-от ама па така немаше да биде заштитен, па затоа го избрав овој начин. Следно му ставив силикон од сите страни и му врзав бакарна жица дијагонално за да го држи во една позиција. Еве го процесот:



За кабел, од акумулатор до шалтабла со осигурач, бев на електроничар да ми наместат, несакав тука да чепкам. Го активирав AUX-от на радиото зошто фабрички не беше активиран (безвезе нели?!) па и двете воедно ми ги направија.  Е сега, од акумулатор добивав струја 12V, 70A. За да се напојува уредот потребно му се 5V, 1.5A. Мислев дека најлесно е да најдам конвертор од 12V во 5V, ама не сум бил во право. Се убив од барање по електроничари и продавници, ништо такво, само адаптери некој... Најдов нешто што делумно ми вршеше работа, во Логинг имаше конвертор, кој се пушта во запалката на колата, конвертира од 12V во 5V и има еден куп врвови за разни уреди. Го употребив врвот што ми беше потребен (некој вид на mini usb), а го исеков делот што се уклучува во запалка. Претпоставував дека е и тој од две жици, во право бев :), ги врзав жиците дирекно на напојувањето од акумулаторот, светна сијаличката на конверторот, што значи се е во ред.



Го поврзав прекинувачот на плусот од напојувањето, за да можам да го прекинувам, го поврзав тастерот на кабелот што го сместив за уклучување и исклучување на уредот. Мора да биде тастер зошто се пали и се гаси GPS-от со задржување на копчето. Ги намонтирав прекинувачите на една пластика, а нејзе ја сместив во пепелникот. Инаку пепелникот на 407 се отвора и затвора со притискање на него, јас не сум пушач па не ми е потребен. Прекинувачите, каблите и пластиката не се гледаат кога е затворен пепелникот. Мене не ми се допаѓа ова решение, но како привремено е, ова лето планирам да ги преместам на друга локација, но за тоа подоцна ќе пишувам.

Кога се од испланираното се заврши дојде на ред монтажата како најтежок дел од целиот проект.
Дејствието се одвиваше два макотрпни дена, пред куќата на Mihail кој е исто така член на овој форум и би сакал јавно да му се заблагодарам за помошта и соработката за успешно да го завршиме овој проект. Значи, најпрво го извадивме радиото, се вади со најмалиот торкс клуч кој се става во малите отвори кој се наогаат на левата и десната страна на радиото. Кога го извадивме радиото, му ги исклучивме сите кабли за да не смета, се појавија штрафовите од маската за малиот дисплеј, и тие се торкс, ги одвртев, ја поткренав маската и излезе заедно со дисплејот. Го исклучив кабелот од него и го одштрафив од маската. Под радиото го извадивме и панелот за климата кој беше само на жлебови за да не смета при префрлувањето на кабли до пепелникот кој се наоѓа веднаш под тој панел. Пепелникот не успеавме да го извадиме, колку и да се трудевме :).

IMG]http://i.imgur.com/AS6ud.jpg[/IMG]

Наредниот чекор е, малиот дисплеј да го фиксирам во визорот. Тешко се наоѓаше централната позиција, направив пластики кој беа кнап и ставив штрафови за дисплејот да се држи на нив. Пластиките ги залепив со дуплофан на самиот визор. Одоколу каде што можеше, ставив потпунки кој се меки (од некој телевизор или електричен уред што сме го купиле дома :)), ги залепив така што ќе го буткаат цело време дисплејот залепен кој зидот.  На задниот дел од визорот има отвор, незнам за што служи, ама ми се гледаа каблите преку него. Барав црна ситна пластична или метална мрежа, но неможев да најдам... Во Хубо загледав некојси држач за визит карти кој имаше рамни  површини  и беше црн и метален. Го купив 60 денари и го исеков парчето што ми требаше за да го затворам задниот отвор од визорот. Го залепив, а еве како сето тоа изгледа:



Следно беше да се извади вентилацијата која се наога најгоре од централната конзола. Целата работа беше да се одвртат два торкс штрафови и еден куп жлебови да се отворат пазејќи да не се скрши некој од нив. Ова ни одзема најмногу време, жлеб по жлеб, влечење нанапред за да излезат други жлебови и слично. Реално се изнамачивме, но сепак успеавме, излезе вентилацијата. Додека бевме сеуште во кола го продолживме и кабелот за малиот дисплеј. Бидејќи дисплејот беше напред, а сега сакам да го преместам одозгора (врз вентилацијата) кабелот беше краток да стигне до таму. Го исеков кабелот од дисплејот му надоврзав подолг кабел (4 жици) и го протнавме низ дупките за да излага накај вентилацијата.



Следно што направивме е да го адаптираме визорот да се монтира на вентилацијата. Малку тешко ми беше додека тоа го правевме, бидејќи на некој начин ја уништував колата дел по дел со цел се да адаптира одреден дел на друг дел. Најпрво ја извадивме мрежата врз вентилацијата, таа беше само на жлебчиња ставена. Меревме, најдовме централна позиција, обележавме каде треба да се прават дупки за жлебови и почнавме со сечење. Користевме скалпел, турпија, нож и сигурно уште некој алат за сечење пластика. Требаше и да се направи отвор за да помине кабелот (со џекот) за малиот дисплеј. Малку по малку, за да биде се кнап, а и да не заслабе некој дел од пластиката па да се скрши и да поче да тропа и сл. По макотрпното стругање еве како изгледа вентилацијата:



Со прецизно и внимателно мерење, одредивме каде треба да се исече мрежата што стои врз вентилацијата. Требаше да се отсече делот каде што ќе стои визорот. Го сторивме тоа (уште еден уништен дел :(). Пробавме дали одговара се, врз вентилацијата ја ставивме мрежата, врз мрежата го ставивме визорот и се пасуваше совршено :).



Следува монтажата. Сега треба да идеме во обратен редослед од вадењето на елементите.  Најпрво го протнавме кабелот низ отворот кој го направивме на вентилацијата, врз вентилацијата ја ставивме мрежата но не и визорот за да можеме силно да стискаме за да влезат жлебовите зошто навистина тешко влагаа. Ја наместивме вентилацијата,го уклучивме кабелот во дисплејот и внимателно го ставивме визорот во жлебовите што ги направивме. Изгледаше прекрасно :) кога сето тоа се заврши успешно. На носечкиот столб кој се наоѓаше во самата маска на колата, го прицврстивме конверторот на струја (12V-->5V), му ставивме измеѓу сунѓер за да не тропа при возење и го врзавме со бакарна жица. Го земавме големиот дисплеј кој беше намонтиран од претходно на рамката, го поврзавме аудио jack-от, usb кабелот за напојување, дури и него мораше да го подуништиме малку за да го собере во просторот измеѓу маската на колата и дисплејот. Подоцна му приклучив и продолжен кабел за microSD картичката, за да можам лесно да ја вадам и надградувам мапи, музика, видео и сл.



Ја ставивме маската со дисплејот во правилната положба и силно ја заштрафивме. Почна колата да го добива изгледот што го посакував. Ги приклучивме каблите во панелот за климата, го наместивме панелот, ги приклучивме каблите во радиото и го наместивме радиото. Сите кабли претходно ги протнавме да идат до пепелникот. Ги приклучив прекинувачите на каблите и заедно со пластиката на која беа намонтирани ги сместивме во пепелникот.
Остана уште да провериме дали работи како што треба. Го пуштив прекинувашот на ON на дисплејот се појави батерија која се полни, што значи во ред е. Го пуштивме уредот преку тастерот и тоа е тоа. УСПЕАВМЕ! :) Еве како изгледа финалната модификација:



Јас лично сум многу горд на овој проект (ако може така да го наречам) бидејќи немам големо познавање за коли, немам големо познавање за електроника иако лесно ја разбирам најверојатно зошто средно електротехничко (смер компјутери) имам учено па нешто влегло во глава :), а по струга сум графички дизајнер. Значи без некое поголемо познавање, туку со истражување, размислување и огромна желба да се постигне замислата, јас успеав. Секако ќе повторам Mihail многу ми помогна и мислам дека без негова помош можеби ќе се разочарав на пола проект (делот кога видов дека целата маска од колата ми е отворена и висат еден куп жици некој од колата, некој ние што ги ставивме) и немаше да го завршам она кое го замислив.

Секако членовите на форумов кој се занимаваат со електроники, монтажа на аудио-видео или имаат поголемо разбирање околу електрониката, сигурно имаат и подобри решенија од моето, сигурно сум згрешил на некој места можело да се употреби нешто поедноставно, но сепак се радувам што реализирав нешто кое ми беше само имагинација и сепак се функционира како што беше испланирано.

Следно што сакам ова лето да направам е да го приклучам switch панелот на сликата, наместо постоечките прекинувачи, да го сместам во фиоката која се наога лево-доле од воланот. Што значи ќе треба сите кабли што идат до пепелникот да ги преместам низ шал таблата до фиоката. За тоа дополнително ќе пишувам.



Се надевам ви се допадна и дека уживавте во читањето на овој прилично долг туториал/проект/DIY/текст... :)

APD
« Последно менување: 25 Јуни 2012, 19:01:23 pm APD »
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен Mihail

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #1 на: 24 Јуни 2012, 22:17:42 pm »
Многу горд не само горд на проектот... бесценети се реакциите на комшијата мој и татко ми ( DIY професионалци :) ). Штета што ги нема на слика фаците нивни и коментарите за тоа колку сме ненорамални и што и правиме на една па и не баш ефтина кола и уништување на здрави делови (сечење и модифицирање) на кои несакате да им ја знаете цената. И потоа фаците на AFTER делот од проектот, кога им се гледаше задоволството на истите лица и зачуденоста како се изгледало како да е фабрички така колата :).

Ова лето следуваат мислам повеке проекти така APD :) ? Смеам да издадам само дека се од Аудио делот xD

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #2 на: 24 Јуни 2012, 22:19:19 pm »
Браво APD !!! Ја сум електроничар и ти честитам на храброста, решителноста и вложениот труд.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #3 на: 24 Јуни 2012, 22:20:45 pm »
Обавезно, да се навежбаме само со информации и идеме на нов предизвик :) нормално ќе чекаме да биде 40степени и да нема ниедно облаче како минатиот пат :):):)
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #4 на: 24 Јуни 2012, 22:31:44 pm »
Браво, се радувам кога ќе видам вакви ентузијасти како работат на своите возила па да гледаме и кај нас се почесто проекти кои се правеа во странските земји кои ги гледавме до неодамна само на интернет и на телевизија поздрав и само напред одлично испаднало баш како фабрика, и една моја забелешка би можело да направите навигацијата да се пали на контакт за да нема други додатни копчиња.
Значи ако може да се направи без батерија да работи и да се поврзи на некоја жица од контакт клучот се разбира тоа може да доведе до додатни проблеми како што се губење на некои сетинзи од навигацијата.
 Или втор предлог временско реле кое ќе пушта струја неколку секунди исто како да си го задржал тастерот од навигацијата а тоа да е поврзано пак на контакт клучот.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #5 на: 24 Јуни 2012, 22:42:48 pm »
Браво, се радувам кога ќе видам вакви ентузијасти како работат на своите возила па да гледаме и кај нас се почесто проекти кои се правеа во странските земји кои ги гледавме до неодамна само на интернет и на телевизија поздрав и само напред одлично испаднало баш како фабрика, и една моја забелешка би можело да направите навигацијата да се пали на контакт за да нема други додатни копчиња.
Значи ако може да се направи без батерија да работи и да се поврзи на некоја жица од контакт клучот се разбира тоа може да доведе до додатни проблеми како што се губење на некои сетинзи од навигацијата.
 Или втор предлог временско реле кое ќе пушта струја неколку секунди исто како да си го задржал тастерот од навигацијата а тоа да е поврзано пак на контакт клучот.

Предлозите се одлични, но не сум до толку стручен, помислив на контакт да го направам сето тоа, но не ми се модифицираше фабричката електроника што е поставена во колата, не сакав да ја чепкам многу, освен за борд компјутерот што го исеков кабелот и го продолжив и ми створи невидени нервози... (неможев да ја запалам колата и да ги затворам прозорите, а се стемнуваше и колата на улица ми беше) за среќа само осигурач бил проблемот па продолживме со работа утредента. Сигурно ќе сменам нешто, повеќето употребени делови ми се сечени, преправани, неможе во мал простор сите да пасуваат совршено нели :) здравје еве една година се си работи совршено па ова лето ќе видам што може да корегирам, ни мене не ми се допаѓа тоа што сеуште иде се преку постоечката батерија, ама жичките во гпс-от се толку тенки и со мали лемчиња што страв ми е да ги допрам, а камоли да ја извадам батеријата и да поврзам дирекна струја :) 
Одлично што давате предлози, тоа го ценам, сигурно некој ќе употребам :)

Поздрав
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #6 на: 24 Јуни 2012, 22:57:48 pm »
браво. добар проект.. храбар пред се...

кажи само финансиски колку на крај ти испадна целокупниот зафат? во споредба со оние 1500 евра?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #7 на: 24 Јуни 2012, 23:12:18 pm »
браво. добар проект.. храбар пред се...

кажи само финансиски колку на крај ти испадна целокупниот зафат? во споредба со оние 1500 евра?

Се на се околу 15.000 денари (250 евра). Две маски, гпс, конвертор за струја и ситници тастери, кабли и др. работи.
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Re: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #8 на: 24 Јуни 2012, 23:14:24 pm »
Секоја чест друже!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #9 на: 24 Јуни 2012, 23:26:34 pm »
Proekt za pocit...Sekoja cest :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #10 на: 25 Јуни 2012, 00:35:41 am »
Излегло подобро од фабрика :) БРАВО

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #11 на: 25 Јуни 2012, 00:37:49 am »
Импресивно и храбро! Браво!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8524
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #12 на: 25 Јуни 2012, 01:01:02 am »
Многу убаво искочило. Браво!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #13 на: 25 Јуни 2012, 01:28:13 am »
Секоја чест ! Браво !

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Вградување на GPS/Audio-Video Display (Peugeot 407)
« Одговори #14 на: 25 Јуни 2012, 01:38:38 am »
Одлично, секоја чест!
Never drive faster than your Angels can fly.