Автор Тема: Освежувач во кола  (Прочитано 149308 пати)

Присутен Dejan Gj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 432
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #405 на: денес во 09:00:46 »
Ееее а ние сакаме за едно евро елка да купиме и се жалиме не трае долго :))))))))))))))))))))))

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3567
  • Хюндай Тюсон
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #406 на: денес во 09:32:28 »
40 евра за освежувач само во Лексус иде. Во нормално возило од оние што ги даваат македонија осигурување кога правиш каско кај нив.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7329
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #407 на: денес во 09:33:58 »
4 парчиња за 40€ се јади некако.

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3080
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #408 на: денес во 16:36:47 »
Во Јапонија немаат лета од 40+ Целзиусови со денови, а богами и во Германија.
Тука во нашава клима, се прегорува, се суши или испарува кога колите ни стојат надвор на тие температури, а внатре во самата кола е уште пожешко.

Јас користам Citrus Squash, гелот од Ареон.
Во зимо трае минимум три пати повеќе.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7329
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #409 на: денес во 17:09:36 »
Од Ареон ништо не ми траело повеќе од два дена, купено локално од Лукоил. Единствено нешто што ми траело досега е Carpro Skysblu, ама има некој чуден мирис на лимон…

Единствено друго што ми траело било Joy човечињата за на радијатор, ставив 4, ама скапо ме фати (1,250 ако добро се сеќавам) и се откажав од такви егзибиции.

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3080
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #410 на: денес во 17:33:59 »
Не знам како може цела 80g лименка гел од Ареон да ти трае макс два дена, едино ако не доручкуваш од конзервата, ама ти си знаеш.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7329
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #411 на: денес во 17:52:14 »
Не ја јадам, едноставно нема мирис после 2 дена (сум пробал бабл гам). Ако зборуваме за лименката со миризливи дрвца.

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3080
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #412 на: денес во 18:20:52 »
Зборам за гел лименката...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2641
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #413 на: денес во 18:31:48 »
Не знам како може цела 80g лименка гел од Ареон да ти трае макс два дена, едино ако не доручкуваш од конзервата, ама ти си знаеш.

хахахахаххаха 🤣🤣🤣

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7330
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #414 на: денес во 19:12:00 »
Од Ареон ништо не ми траело повеќе од два дена, купено локално од Лукоил. Единствено нешто што ми траело досега е Carpro Skysblu, ама има некој чуден мирис на лимон…

Единствено друго што ми траело било Joy човечињата за на радијатор, ставив 4, ама скапо ме фати (1,250 ако добро се сеќавам) и се откажав од такви егзибиции.

Така мислиш, и јас ставам постојано од Бабл Гам поголемата конзерва, и после некој ден ми делува дека не мириса.

А секој друг што влегува кај мене во кола, одма го чувствува мирисот, а притоа и го фалат дека одлично мириса.

Еднаш месечно го менувам, секако со поени од Макпетрол за нешто поефтина цена го земам.

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3080
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #415 на: денес во 19:44:27 »
Исто е и со мене, пред некој ден стариот мој го возев да си го земе моторот од мајстор, викаше дека мириса, а ја бев спремен да купам ново