Автор Тема: Освежувач во кола  (Прочитано 112591 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6371
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #360 на: 10 Декември 2023, 21:58:17 pm »
Ниедно в кола не ми се погоди, имам елкичка банл гам, тоа што е во лименка и во шишенце за на ретровизор. Мирис ич. Само ако дува цел ден парното (после flush ептен жешко дува и затоа и не го пуштам) тогаш мириса, ама не како порано.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6898
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #361 на: 10 Декември 2023, 22:01:34 pm »
Се навикнуваш на мирисот. Али дека мириса, мириса, вакво веќе цела година користам баш од ареон со арома на бабл гам тоа поголемото паковање, тамам си е.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6371
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #362 на: 10 Декември 2023, 22:02:50 pm »
Менувам еднаш бабл гам, еднаш блек ајс. Ни едното, ни другото ми мириса, баш прееска во МЛ-от ставив шишенце блек ајс и се осеќаше повеќе од цигарите, така да можи до колата ми е 🤷
А чиста е, хемиско е правена, нема мирис никаков лош...

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #363 на: 17 Јуни 2024, 12:26:50 pm »
Ќе пишам тука, некако најсродно ми е со оваа тема. Пред секоја летан сезона правам чистење на каналите на воздушната вентилација со ставање на онаа пена од спреј. Годинава за првпат земав таква пена од К2 и осетив осетна разлика пред и потоа. Многу почист воздух, не се осеќа никаков мирис, ни на прашина и слично. Сега ќе земам и за татко ми да ставам и во неговата кола. Околу 400 денари беше на Макпетрол.
Своерачен потпис ;)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6371
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #364 на: 12 Октомври 2025, 19:34:05 pm »
Дали некој користел Skysblu од Carpro освежувач? Во опис пишува дека мириса на нивниот производ Eraser, а тој не знам на што мириса  ;D ;D
Дали навистина трае минимум 3 месеци?

Има mixed reviews на Амазон околу мирисот, затоа и прашувам.

Отсутен Dejan Gj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 423
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #365 на: 21 Октомври 2025, 16:49:46 pm »
Дали некој користел Skysblu од Carpro освежувач? Во опис пишува дека мириса на нивниот производ Eraser, а тој не знам на што мириса  ;D ;D
Дали навистина трае минимум 3 месеци?

Има mixed reviews на Амазон околу мирисот, затоа и прашувам.

Минимум 3 месеци, а аромата не е дефинирана, пријатен свеж мирис.

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #366 на: 27 Октомври 2025, 15:30:25 pm »
Дали некој користел Skysblu од Carpro освежувач? Во опис пишува дека мириса на нивниот производ Eraser, а тој не знам на што мириса  ;D ;D
Дали навистина трае минимум 3 месеци?

Има mixed reviews на Амазон околу мирисот, затоа и прашувам.

Јас имам купено од кај овај Дејан ГЈ и ок беше. Интензивен мирис кој траеше и по неколку денови со едно превртување. Овие по бензискиве не траат ни еден ден

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6898
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #367 на: 27 Октомври 2025, 15:43:55 pm »
Бабл гам во конзерва, од тие поголемите, го менувам на месечно ниво, го земам нешто поефтино со поени од Верна на Макпетрол.

И си е тамам, досега скоро секој што се возел со мене пофалил дека убаво мириса.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1421
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #368 на: 28 Октомври 2025, 11:43:32 am »
Какви отрови удишувате......

Отсутен Dejan Gj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 423
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #369 на: 28 Октомври 2025, 21:40:31 pm »
Какви отрови удишувате......

Има сега некои нови правила за увоз на тие освежувачи, но можеби нема да важат за сите , јас исфрлам се од понуда, кога неможеш да увезеш нешто што е Made in USA замисли Made in некоја друга држава. (ќе му се пожалам на Трамп ама немам број)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6070
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #370 на: 28 Октомври 2025, 22:07:45 pm »
Едно гранче ванила ќе заврши работа за цела година
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6987
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #371 на: 29 Октомври 2025, 07:21:06 am »
Можи за нас простите некоја мала едукација со некој линк нешто?

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1421
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #372 на: 29 Октомври 2025, 08:10:56 am »
Никој не е прост. Копни малце, состојки на тие што декларираат. Тие рекламните што се кај нас се праат со „парфем“ од непознат производител. Зајакнувачте на ароми, се камуфлирани отрови, бидејќи неможе да се друго за да „пуштаат“ мирис на покошено сено кој трае со месеци. Или оние по локалите што шприцаат на 15 минути, што мене ми мирисаат на турско вц.
 
Ако е колата чиста, третирана клима, никогаш не изгасната вентилација (при подолго изгасната вентилација воздухот во неа се усмрдува), колата мириса на ништо. Мириса на тоа што е надвор. Што исто мирисаш и коа ќе излезеш од кола. Мирисот од освежувачот секако не е блокатор на загаденоста од надвор.
Ако веќе инсистираш на нешто да ти мириса, имаш избор на природни етерични масла, па со некое џирло од тему, го дотеруваш. Ем природно ем поефтино.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6606
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #373 на: 29 Октомври 2025, 08:29:45 am »
Брат, има луѓе што ставаат вакви работи за да прикријат непријатни мириси.

Непријатни мириси идат од нечистотија.

Нечистотија иде со неодржување.

Ти за отрови им праиш муабет... Он колана кочина ја напраил, од шо го боли кур, па ќе се труел... И од нехигиена се закачуваат разни работи...

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9020
  • Пичлеме
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #374 на: 29 Октомври 2025, 09:17:48 am »
Јас на претходната кола 2 пати имав ставено Bubble Gum, ми се десило еднаш оставена на ептен сонце надвор, пред да влезам да луфтирам од јаката миризба што мава в гла. Од тогаш престанав да ставам било шо и со редовно одржување на чиста кола, внатре мирисаше на кола :)
Во новата секако не ставам ништо, уште мириса на нова пластика ;D