Во било кој освежувач за на вентилација што се закачува турете од омилениот AirWick или нешто друго што е наменето за просторија. Наместете го така да не врти перката цело време да не ве отруе од мирисање. Повремено на неколку недели превртувајте го наопаку и почекајте малку да се натопи тоа стапчето. Ќе се изненадите од резултатот. Не го преполнувајте бидејќи од топлина ќе ви прелие. Овие течности што ги има во нив фабрички или не мирисаат или мирисаат ама лошо.