Го изгледав новиот Road Trip.. И пак ми се врти у глава дека веќе им е досадно, односно дека веќе немаат идеи.
Концептот е тој. Се додека има нови коли и нови патишта - нека тераат.
Кога ќе размислиш, тестовите на џереми се сите исто конципирани, но секако дека сакам да слушам нови такви негови тестови на нови коли.
Баш ме интересира како во светот на фантазиите Џереми би го искоментирал, на пример, новиот пат Скопје - Велес позади воланот на некоја мрсна 500+ коња ѕверка? Патот е мазен, не е досаден, има живописен кањон, планини, неколку многу добри кривини, угорници, удолници.... па дури и архитектонски локалитет.... нели?