Тоа блутут апаратчето што се става на обд конекторот во колата во суштина е програмиран микроконтролер ELM327
со чија помош се читаат сигналите од сензорите во возилото.
Кога излегоа напочеток беа погломазни и беа со жичана конекција

во поново време ги усовршија со блутут конекција, а некои и со wifi конекција

Со тој уред може да се прочитаат кодовите за грешки, да се опишат, и да се избришат, преглед на минималните и максималалните вредности и нивната референтна вредност, следење во реално време на сензорите, мерење на забрзувања, на потрошувачката и на уште некои слични параметри.
Со овој уред неможе да се вршат адаптации како на пример адаптација на лептирот на влезната грана, и со овој уред работат повеќе бесплатни софтвери како Digimoto, EasyOBDII, MoDiag.professional, PCMScan, Proscan, ScanMaster-ELM, ScanTool, ScanXL_ELM, Vauxcheck, VitalScan и слични, исто така може да се користи и fiatecuscan за дијагностика на fiat/alfa romeo/lancia.
Така да за домашна употреба е доста солидно
