Знам дека нема надеж но... другар бара некој велосипед само за низ маало и низ град до ваму-таму. Не планира да троши многу пари, до 100 Е макс. Има некои кинески во Агротехна па се мисли за таков да земе, ама јас му викам причекај може ќе се најде нешто асално по огласиве... Има некој нешто да понуди или совет што како да се бара ?
Не се лоши тие од агротехна.Јас купив но од старт мора да смениш 4-5 дела за да биде добар,бидејќи веднаш се распаѓаат.
Еве што направив јас.
*Сменета средна осовина(ставена шимано касетна-веќе смрт нема)

800 денари
*Сменет пренос(бидејќи фабричките се криви и многу неквалитетни)ставен алуминиумски 600денари
*Ставени нови брзини шимано 400 денари
*Ставен држач за шише ретон 200 денари
Штета навистина што во меѓувреме за роденден сестра ми купи мерида и сега така ми стои.
А старо ме е помалку од 3 недели.А возено ни 4 дена севкупно.
Го купив 4000 денари и плус деловите 2200 денари ме фати 6200 денари.
Ако е другар ти заинтересиран може да се погодиме за мојот велосипед.Барем ќе го вози без да менува ништо.А ако зима нов од агро т.,сака нејќе ќе мора да ги смени тие делови.
4000 денари му барам
