Вчера, јас и нашиот драг и почитуван колега Томе решивме да возиме релација Водно - Матка. Дотичниот господин рече дека ја "знаел" патеката... До средно возевме, до крст со жичара. И тргнавмеее, сонце пука во 13:00... Лево десно лево десно, тоа патче ова патче- се изгубивме. Влеговме во Св.Петка па не пренасочија "натаму"... па и таму малце згрешивме

Капак на тоа, Томе два пати менуваше предна внатрешна

Друго, по тие патеки човек пешки не може да оди, а не па со точак. Педалите ми фатија 34532 пати, 4-5пати бев на работ да се испокршам

Сончање- солариум

Толку не сум пцуел во цел мој живот до сега.
Е сеа, дали има некоја друга патека- не знаеме. Ама по оваа која бевме ние, никогаш повеќе.
Линк за џпс тракерот/
http://runkeeper.com/activity?userId=19030104&trip=195138192



