А ова ?
Автомобилскиот гигант Ауди, изгледа има вишок време, па се посветил и на дизајнирање велосипед кој веројатно е еден од најдобрите на светот во моментов. Се вика Worthersee и ќе чини околу 10 илјади долари.
Велиме ЌЕ чини, бидејќи на фотографиите го гледате прототипот на моделот, а неговото официјално претставување пред јавноста беше на 16 мај во Рејфниц, Германија, а се очекува набргу да се појави и во продажба ширум централна Европа.
Велосипедот тежи само 21 килограм и е направен комплетно од карбон-фибер кој се користи стандардно во фабриките на Ауди. Има девет брзини кои се менуваат со хидрауличен менувач, но доколку има потреба од екстра сила, тој со себе носи и електричен мотор со сила од 2,3 KW. Батеријата е Li-ion 48V/530Wh и се полни за неполни три часа на обична градска струја.

Но, во 21 век, не можете да имате само обичен велосипед, без да имате на него пристап до интернет. Велосипедот со себе носи и мини екранче на кое можете да слушате музика, да се поврзете на интернет и секако, да твитате или да се „тагнете“ на Фејсбук. Само внимавајте каде возите при тоа.
Чудовиште од точаче.
http://brkajrabota.mk/tehnologija/dizajn/16841-noviot-velosiped-na-audi