Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1140398 пати)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #1170 на: 29 Август 2013, 14:42:43 pm »
Она стокана неписмена од возачи што се паркира на велосипедски патеки, не дава предност на места каде што пропишано на велосипедисти треба да се потепа.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #1171 на: 29 Август 2013, 15:41:24 pm »
Каде е пропишано дека имаат предност велосипедисти?

Овде?
Цитат
(2) Возачот на велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл,
трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, односно возач на запрежно
возило кој се вклучува во сообраќајот во случаите и под условите
утврдени во ставот (1) на овој член е должен да го турка возилото,
односно да го води впрегнатиот добиток.

Или овде?
Цитат
(6) Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска
патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите
со мотор, лесните трицикли, трициклите и лесните четирицикли што се
движат по велосипедската патека или лента.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #1172 на: 29 Август 2013, 16:51:13 pm »
Вториот дел особено. Иначе има измени кои сеуште не се имплементирани во законот за безбедност во сообраќајот меѓутоа се ратификувани и важат, а се однесуваат на буткањето, односно секаде каде што нацртаа црвени ленти за движење со велосипед нема потреба истиот да се бутка туку може да се вози.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #1173 на: 29 Август 2013, 17:07:24 pm »
Дени, првиот цитат од законот не ти е целосен.

Цитат
(2) Возачот на велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл,
трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, односно возач на запрежно
возило кој се вклучува во сообраќајот во случаите и под условите
утврдени во ставот (1) на овој член е должен да го турка возилото,
односно да го води впрегнатиот добиток.

Дај да го читнеме и ставот 1. :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
Одг: Велосипед
« Одговори #1174 на: 30 Август 2013, 03:14:31 am »
Како што мразам клошари кои паркираат на велосипедски патеки и ради нив дупнувам гуми возејќи по десниот крај на улицата бидејќи таму се збира цело ѓубре, така мразам клошари кои не ги обележуваат своите велосипеди со барем 1 бело  и 1 црвено мачкино око. Од 31 ден во месецот, 30 сум со велосипед и стварно ме нервира генералното мислење за велосипедистите дека воопшто не почитуваат правила, не ги обележуваат велосипедите, а се тоа од смотаници без култура кој ги мрзи едно мачкино око од 10 денари да го стават на велосипедот.

Инаку тоа со туркањето на велосипедот на пешачки е тешка глупост и во највелосипед-friendly градовите нема таков глуп закон.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #1175 на: 30 Август 2013, 04:28:47 am »
Горниов пост го потпишувам во целост.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #1176 на: 30 Август 2013, 04:44:52 am »
Исто и јас се согласувам за велосипедската (не)култура во Скопје. Денес ќе прегазев едно девојче, возеше точак до тротоарот.... И одеднадеж отиде лево, пред кола скоро... Ми се смрзна мочката... За влакно ги избегнав девојката и колата од спротивен смер со која се разминував во моментот.

А тоа девојчето возеше до тротоарот пошто тротоарот беше зафатен од клошари кои неќеле да платат паркинг. Да ја имав моќта, не би пуштал луѓе што возат точак еднаш у 3-4 месеци и што не знаат да држат волан, да возат на улица. Премногу е ризично за нив, пред се.

Секој велосипедист треба да има мачкини очи, напред и позади. А ако вози навечер, обавезно ЛЕД светла. Се надевам дека полицајциве сега што ќе патролираат низ градов со точаци, ќе воведат малку ред.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #1177 на: 30 Август 2013, 08:44:11 am »

Ја па мислев, ако си ја имал моќта, дека ќе ги раздигаш на аплаузи тие што го натерале човекот да вози точак на улица, при постоечка велосипедска патека.

За ова се согласувам. На крај краева, комплет осветлување (предно и задно) има во Џамбо, за ич пари. Па колку сака нека е тиња, ќе ти заврши колку-толку работа за да се обележиш себеси.

А џандарите имаат многу побитни работи да средат прво, пред да почнат да казнуваат велосипедисти.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #1178 на: 30 Август 2013, 08:58:32 am »
Генерално, во било кој контекст ми иде на нерви реченицата „џандарите имаат попаметна работа, прво нека средат тоа-и-тоа, па после нека се занимаваат со тоа-и-тоа“.

Да, валидно е, ама да почнеме од малите работи, па нека бидат тоа и точкаши со squishy глави кои имаат самоубиствени нагони. На пример, таткото и ќерката (позади него) на точаци, на крајот на Илинденска (оној, непроширениот дел долг 500 метри) што наместо да возат на велосипедската патека од другата страна на улицата, возеа на улица.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #1179 на: 30 Август 2013, 09:12:40 am »
Ако почињаме од малите работи, треба преку 60% од возачите низ Скопје да останат без дозволи.

Фаќање семафор „на жолто“ (иако е дубоко црвено) е една од многу присутните „мали работи“ што треба да се среди. Успорување и застанување пред пешачки (а не убрзување и светкање/свирење) е исто една од „малите работи“ што треба да се среди. Крембили што се паркираат кај к** ќе им текне е исто така една од многу застапените „мали работи“ што треба да се среди.

Сите овие „мали работи“ се многу поприоритетни за средување, отколку тоа да казниш некого што не возел на велосипедска патека, елегантно „конвертирана“ во паркинг. Нема каде пешки да одиш, а не па точак да возиш.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #1180 на: 30 Август 2013, 09:32:23 am »
Апсолутно се слагам. И треба да се средат. Ама не да се средуваат пред да се среди културата на велосипедистите, него додека се средува културата на велосипедистите. Нека се средуваат паралелно. 300 евра за мене за проаѓање на црвено? 300 евра и за велосипедист, без можност за плаќање пола во рок од 8 дена, пошто он не ризикува да изгуби дозвола.

Сум рекол, нема ништо против луѓето на точаци. Имам против нивното арогантно однесување и мислењето дека се подобри од другите. Имам против возењето по партизанска на оние места каде што ИМА патека. Имам против проаѓањето на црвено (и мислењето дека тоа СМЕАТ да го прааат), имам против бутањето меѓу коли и наглото менување правец. Имам против возење неосветлени и неозначени, и стоењето на прелаз преку партизанска со предното тркало на улица.

И сите овие работи се ЗА НИВ, не се за мене. Како што имам напоменато, во случај на контакт, мојата тврда кола секогаш ќе ја победи нивната squishy глава. Само што јас ќе бидам крив кога некој „суперхерој на точак“ ќе ми се истресе пред тркала додека проаѓа на црвено на партизанска.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Велосипед
« Одговори #1181 на: 30 Август 2013, 11:13:23 am »
Кај нас џандар казнува само ако тоа денес му е во план и ако се насади на некое место и казнува за се и сешто, дека така му рекле.

А ако сретне некој како проаѓа на сред улица, како некој проаѓа на жуто/црвено, како некој е паркиран рандом, како некој вози без кацига или не знам што, абе ич не им чуе, денес не казнуваат и не се замараат.

Во Словенија на пример, си проаѓаш на сред улица и џандар случајно поминува од таму со кола, истиот само што ќе те примети дека правиш прекршок застанува на сред улица, и те легитимира и казнува. А не да пројде покрај тебе како ништо да не се случило, дури кај Градска она пензионерине и ги пуштаат да пројдат пред нив. Па кога ќе им кажам зашто не казнувате, ми вика цел живот проаѓале џабе било. Дебили.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #1182 на: 30 Август 2013, 16:44:40 pm »
Како што мразам клошари кои паркираат на велосипедски патеки и ради нив дупнувам гуми возејќи по десниот крај на улицата бидејќи таму се збира цело ѓубре, така мразам клошари кои не ги обележуваат своите велосипеди со барем 1 бело  и 1 црвено мачкино око. Од 31 ден во месецот, 30 сум со велосипед и стварно ме нервира генералното мислење за велосипедистите дека воопшто не почитуваат правила, не ги обележуваат велосипедите, а се тоа од смотаници без култура кој ги мрзи едно мачкино око од 10 денари да го стават на велосипедот.

Инаку тоа со туркањето на велосипедот на пешачки е тешка глупост и во највелосипед-friendly градовите нема таков глуп закон.
1. Да.

2. Има. Воопшто не е глупост.
http://answers.yahoo.com/question/index?qid=20111003162039AAcGaSm
Цитат
No, because a ridden bicycle is a vehicle. If you want to get off the bike, walk it across the street and then get back on and continue as a vehicle that is perfectly legal.
http://www.ocregister.com/articles/lanes-414116-dunn-canyon.html
Цитат
I'm on a crusade about people riding their bicycles in crosswalks. It's illegal, just look at (California Vehicle Code) 21200a. If they're in the crosswalk, they have to walk the bicycle.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1183 на: 30 Август 2013, 17:07:32 pm »
Возење на пешачки е забрането и опасно затоа што по пешачки се поминува полека по строго определена постапка. Треба да застанеш на ивица, да видиш дали иде возило и да поминеш полека, за ако иде но е доволно далеку, да може да те види и да забави на време. Заради истата причина забрането е преминување на пешачки со трчање.

Каде што има семафор на пешачкиот премин, истиот би требало да се смета за велосипетска патека, и да нема потреба да се симнуваш и да го буткаш.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #1184 на: 30 Август 2013, 17:07:33 pm »
Nekna maliot me spasi da ne soberam edna stara budala so tocak bez nikakvo osvetluvanje ili obelezje I toa na kaj ezero, nokno vreme. Ne znam kako go vide maliov samo vikna Tatoooo end Tokaaac !