Околу NM и големината на возилото...
Едно е NM и моќност на осовина на мотор, друго се на тркала. На осовината на моторот секогаш ќе биде исто без разлика во што кола ќе се стави моторот. Но на тркала е друга приказна. Тука влегува во игра реудкторот, односно менувачот со своите преносни односи (брзини) и механички загуби (триење, инерцијални и останати).
На кусо, од преносниот однос на брзината во која ќе се меери зависи и колкав ќе биде вртежниот момент на тркалата. Снагата пак зависи од брзината на ротација на тркалата и вртежниот момент. Доколку се зголеми брзината на вртење на тркалата за ист вртежен момент, се зголемува и моќноста на возилото, односно полесно се справува со отпорот на кој наидува. Исто е и со вртежниот момент. Колку повеќе се зголемува за ист број на вртежи, до толку се зголемува и моќноста на возилото. Моќноста пак е фактор кој одредува колку возилото може да се справи со отпорот на кој наидува. Притоа сеедно е дали таа моќност ќе се постигне со голем вртежен момент и ниски вртежи или пак мал вртежен момент и високи вртежи.
Значи ако го земеме примерот со корсата и акордот со ист мотор...
За ист однос на менувачот и исти загуби, моќноста и вртежниот момент на тркалата ќе бидат исти. Но различни се отпорите со кој тој мотор треба да се справи. Кај акордот тежината е поголема, па така на мали брзини каде тежината има најголем уддел во отпорот поради силите на инерција, Акордот ќе биде поспор од Корсата. На големи брзини, тежината игра занемарлива улога во однос на отпорот кој го создава воздухот, а згора на тоа забрзувањето е многу помало и инерцијалните сили се се помали. Па така, на голема брзина во принцип и двете возила ќе се движат подеднакво брзо.
Мала брзина е од 0km/h до 50km/h каде тежината е пресудна за акселерацијата. Од 50km/h до 100km/h, тежината е фактор меѓутоа полека ја губи својата компонента во вкупниот отпор. Од 100km/h до 150km/h нејзиниот уддел во вкупниот отпор полека се губи и над 150km/h веќе станува ирелевантна.
Сепак, тука ќе има и други фактори во конкретниов пример, а тоа е коефициентот на аеродинамичност. Претпоставувам дека корсата полесно ќе се справува со отпорот од ветерот од проста причина што е помала и има помала површина на која делуваат силите на ветерот. Плус, помалкку шуплини каде воздухот може да навлезе и да направи вакуми и притисоци кои дополнително ќе ја успоруваат.