Зошто чуството кога ги слушаш хај енд тјунираните машини, во својата полна експлоатација е мнооогу подобро од гледање видеа со звуци на јутуб. Не можам со зборови да опишам, иако сум пробал неколку пати тука. Corvette-ите кои се возат таму, предизвикуваат болка во ушите. Само заради нив (и некои други возила, но најмногу ради корветите) ги затвораш ушите со рака или затки поради болка во ушите, а не поради гласност. Фераријата се друга прикаска, звукот им е многу порафиниран и канализиран, дури и пријатен. Аудијата и Пежоата имаат звук на млазен џет со јак пригушувач. Многу малку звук, и делуваат уште поимпресивно, звукот не оддава уствари колку се брзи.
На 24h Ле Ман се тркаат разновидни класи коли и може да се ужива во звуците на секој модел посебно. Затоа го препорачувам евентот.
Уште една предност на 24h Ле Ман e ако се „стаиш“ некоклу денови порано, пошто има настани со олд тајмери, па се моткаат тука иљадници ѕверови на тркала низ малото местенце со синфониски мелодии од нивните ауспуси. Возила кои најчесто само на постери и по списанија сме ги гледале.