ја лично немам сретнато ни чуено „мал“ бензинец да вади добар звук,све е тоа зуење,пискање,замарање уши,па какви сакал преправки нека имал.не ми е муабетот дека дизелите вадат подобар звук,туку дека ова прдеживе не се ништо подобри од дизелите,дури и напорни се
Како банални примери кои одма ми текнуваат, црвеното ЕВО 10 е 2.0 литарски мотор, Субаруата и Фокусите RS се 2.5 литарски. Не ти се битни преправките, па ете нема да спомнеме какви се’ преправки имаат. Ако звукот од нив според тебе е „зуење, пискање, замарање уши“, онда би било излишно да ја тераме дискусијата понатаму.
Ако под мал бензинец подразбираш 0.8 од Спарк, да ќе се согласиме дека тешко од него да се извади нешто. Ама од 1.4 па натаму, не е толку тешко. Кај некои се остварува само со замена на заден лонец.
П.С. HGT-то на еден наш член има 1.8 литарски бензинец ако не се лажам, и веруј ми дека благо ќе те измести кога ќе пројде покрај тебе... Мислам од „зуењето, пискањето и замарањето уши“
