Муабетот со потрошувачката ми беше дека тоа е реалноста. 5.5 км во правец, еден правец во 07:10, другиот во 15:30 низ центарот на градот (ма да има делови:читај Бриколаж) што се бетер со гужва. Таа цифра е 95% од км.
Од време на време читам бајки околу потрошувачка, што потајно сите ги знаеме кога ќе застанеме на бензиска ама ете сакаме од некоја причина да си се лажеме.
Ако си мислите дека "ама тоа е 20год стара машина/технологија" слична потрошувачка вадам и со 1.4 дизел во Јарис.
И не, немам "тешка" нога, туку едноставно мразам кога во време одење/доаѓање од работа некој ми остава 50м простор пред него, пошо решил типот/ката да мисли на екологија. Во тоа време не смее никој да биде влечко.
Ај сеа, продолжете со бајките.
<3