Другпат моли го опелот да троши повеќе, срамота ова
Ам шо да му праам, нејќи

Дали оваа потрошња се должи на колата или на возачот ?
Најверојатно идеален спој на двете работи.
Не знам... Мене и прошлата Инсигнија (2.0 ЦДТИ) позитивно ме изненади со просечна потрошња (од Ноември до Јули - 5.8 ).
Не ни пробувам да ја т'нчам, да ја штедам, итн итн... Си возам најнормално и низ град, и на отворено. Старт/Стоп системот ми е најчесто исклучен при локални патувања, пошто ме нервира. Во поголем град (бевме до Дортмунд, Есен и Келн) или во застој на автопат, го оставам уклучен, пошто семафорите се подолги (низ град), или нема поента да работи колата у место (у застој на автопат).
Како и да е, јас сум пријатно изненаден од првата измерена потрошња
