Другар мој купи ново Пунто 1.2 пред месец дена, 1300 километри му поминал досега од кои пола му се у град поминати, а другата пола му се од двапати идење од Скопје до Охрид и обратно. Е денес ме повозе во колата: значи све убаво, на ново мириса, не се слуша дека работи, одлично озвучување, убава стандардна опрема итн. Се тоа фино лепо, ама кога ми ја покажа просечната потрошувачка на борд, дамла ме удри - 8.6 бензин на 100 со просечна брзина 30! Дури вика дека пред да оди во Охрид, со чиста градска вожња му стоело 9 и кусур на борд! Ете колку не троши 1.2, Шкода Фелиција не му е рамна (мада со клима вози скоро цело време, ама преку 9 литра во град за 1.2 8V со 60 и нешто коња бе?)