Извозени 360км со Уното, 1.0ие мотор. Во кола двајца од по 90тина кг, и уште 40-50кг товар. На враќање бевме со уште 20тина кг товар плус, останатото све исто.
Релација Скопје - Крушево и назад, преку Велес и Прилеп. Од овие 360 км, околу 30тина се градска во Скопје, а Прилеп не го рачунам како градска.

Потрошени 25-26 литри плин за оваа тура. Пресметките викаат, околу 6.9-7.3 литри плин на отворено троши.
На идење за Крушево возев цело време ~100-110км/ч, без бркања и многу претицувања, пошто прв пат го возам на автопат количето. На враќање го стиснав мушки, го држев цело време 120-130 пошто нов патот, и околу 30% од времето бев со педала до патос. Највише кренав 140 и ја држев 1-2 минути, али углавном 120 возев.