Прикаска од лично искуство: Моето Стило е спуштено -40см, Sparco спирали и KYB амортизери. Прво беа само пружините со оригиналните FIAT-ови (COFAP) амортизери, амортизерите беа (пре)меки за спортските пружини и секоја реакција на пружините беше прејака. Исто така брзо "otidoa" и почнав да "гребам" по лежечи и на тротоари. Исто така се појави луфта во јабучиците и споните.
Од афтермаркет амортизери имам искуство со Monroe, Bilstein i KYB, можам да кажам за спуштање немојте монро (добри се за стандард пружини), додека билштејн и кајаба се со „поцврсти“ дамп и ребаунд карактеристики и подобро работат со спортски пружини.
Многу викаат дека Eibach SportKit пружините добро работат и со стандардни амортизери (дури и на нивниот сајт мислам дека има таква инфо), но ако скате добар хендлинг и пристојна комоција само комбинација пружини со амортизери (Не заборавајте на гумите - не иде добар хендлинг со ефтини гуми) За коиловери не дискутирам, скупа работа и откажи се од сопатници - никој нема да сака да се вози со тебе)
Сечење пружини забораите - Спортските пружини имаат помалку кругови но подебел профил на челикот во однос на оригналните, за да се намали патот на движење на амортизерот, а ако ги исечете оригиналните, ќе добиете „ефект на градски автобус“, ем кога ќе дојде до bump stop (долна крајна положба на амортизерот) наеднаш ќе ве фрли нагоре и возењето ќе биде општо поспоро (за да ги избегнете непријатностите, сами ќе возите поспоро)
Мој идеален избор би бил некои вакви пружини (Sparco, Eibah, H&R) со Koni Sport Adjustable (да си наштимаш дамп и ребаунд по желба).
За Alfa-та би идел на Кони + оригинални Alfa 166 Ti пружини (здравје).
Се надевам ви помогнав околу изборот на елементи за спуштање на возилото. Естетската страна е одлична, но внимавајте, нашите тротоари не се по ниеден стандард, на многу места се превисоки, оштетени.. ама се навикнува чоек, прво „газот“ на тротоар, па после предните тркала, рикверц рула!