Автор Тема: Бензинци, дизели и турбаши - колку rpm имате у задња брзина при 120 км/h  (Прочитано 197919 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
Топ, поќеиф е со аналогни, има шмек некако повеќе на ваква кола.

Мое мислење е дека целосно дигитални табли се тешка глупост. Аналогни стрелки со помошен екран за информации и од страна екран за инфотејнмент, ама со физички копчиња е идеалната комбинација. Ама поефтино е да нарачаш екрани на големо отколку да дизајнираш и произведуваш различни ентериери за различни возила.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Дополнително на тоа, јас навистина не разбирам на кого му се потребни толку информации на екраните за возилото. Поготово на возила за широка потрошувачка. Кај еден телевизор у средина па уште еден пред волан.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
На Ауди кокпит е најдобар фантастично изгледа со аутичето како што е кај братот томи.У старт влече плус на ценатата а и када падне ноч дава посебна доза на шмек …

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 803
Опел Мерива, 2009г, 1.6 бензин мотор, Z16XEP, автоматски менувач.
Дали е ова нормално, 3000 rpm на 120km/h ?



Мене ми личи како да е too much, и дека треба да е понизок rpm, ама не се разбирам.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
Опел Мерива, 2009г, 1.6 бензин мотор, Z16XEP, автоматски менувач.
Дали е ова нормално, 3000 rpm на 120km/h ?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мене ми личи како да е too much, и дека треба да е понизок rpm, ама не се разбирам.

Односот на брзините е тој, и ова е прилично нормален опсег на вртежи за 5 брзински менувачи.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

На муабетот, ова е во 6та кај мене :) прилично е пократка од други 6 брзински менувачи наменети кон комфор повеќе.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6836
Кај мене е 6 брзински и во 6та исто на 3000 вртежи е 120.

И за мене е ок, што ќе ти е уште подолг пренос на кола што има 100тина коњски сили, со подолг пренос ќе стане мртов коњ со тој 1.6 мотор.

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
29год стар БМВ 5 степен ЗФ, 2000рпм 120км/ч


« Последно менување: 03 Октомври 2025, 04:12:39 am Redneck »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2007
Опел Мерива, 2009г, 1.6 бензин мотор, Z16XEP, автоматски менувач.
Дали е ова нормално, 3000 rpm на 120km/h ?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мене ми личи како да е too much, и дека треба да е понизок rpm, ама не се разбирам.

Ми делува нормално дека е, само не знам колку време претходно си ја возел некако температурава ми е ниска, да фрлиш око на термостатот.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6163
  • Шо да пишам тука?🤔
Lexus IS250 - 2100 вртежи при 120 км/ч.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
Опел Мерива, 2009г, 1.6 бензин мотор, Z16XEP, автоматски менувач.
Дали е ова нормално, 3000 rpm на 120km/h ?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мене ми личи како да е too much, и дека треба да е понизок rpm, ама не се разбирам.

1.6 бензин (Опел мотор и мењач) кај Нубирата, на 3500 обртаи е 120. Така што супер е кај тебе.

Мислам 3000 ми е и кај BMW-то, ако се сеќавам добро.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7574
Aстра H 1.4 бензинец работеше на многу високи обртаи на 120 km/х зашто немаше 6-та брзина. Колку точно, не ми текнува, ама ептен беше бучна по 120.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5951
Кајмене е 2950 на стотче, така да ќути си :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2636
Изгледа сите атмо бензинци со тие кв/кс горе доле се со приближно тие обртаи, така да не му ја мисли за тоа @draganamon . Само тоа ме нервираше во Голф петката 1,6 бензин, малку и беше петта брзина, си бараше шеста над 120-130 км/ч
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Тојота Аурис 1.4 ВВТИ, на 120 км/ч во 5-та брзина е на 3.800 вртежи