Решив на колата да и направам хемиско чистење,разгледувајќи по форумов се решив колата да ја однесам во Sonax Cleaning Service-от во близина на Sistina.Jа однесов колата да ја видат и да ми кажат дали ќе ја биде работата,бидејќи колата е стара и не би се нафатил секој да ризикува и да ги сноси последиците (одлепување на тапацирот на кровот,оштетување на патосот на подот...).Од целата ситуација испадна колата да не се чисти бидејќи ризикот беше голем,па така дечките од сервисот ми дадоа неколку совети како сам би си ја исчистил со помош на средствата на SONAX.Така и испадна,првото нешто што го направив беше идењето во Реплек Хубо Маркет каде што си ги купив средствата,си дојдов дома и си се фатив за работа.
Почнав со тапацирот на кровот кој во сликите подоле ќе видите колку беше извалкан и на некој места имаше дамки:
Ова се деловите кај заштитниците од сонце кои секогаш кога ќе влезев во кола ме нервираа
Како што се гледа од сликите не верувам дека и некој од вас би сакал вакво нешто да има во својот автомобил,значи си имаше доооооста работа па така си почнав.Потребни алатки за ова беа едно ново сунѓерче,едно пешкирче и средството кое ми го препорачаа момците од Сонакс ценатрот " Interior Cleaner Limpia patices"
Денот ми се погоди пред се,беше сончево и топло,таман за тапацирот одма да суши.Предходна припрема немав,се мислев прво да го поминам тапацирот со правосмукалка,но бидејќи сунѓерот не ми беше сигурен,т.е изгорен од сонце не ми беше баш нај нај идејата па така да почнав со триењето.Процедурата е следнава:Средството го нанесував на сунѓерчето,во помали количини секако,бидејќи,зборам сеа за постари автомобили,ако се навлажни тапацирот премногу може да се одлепи.Го нанесувам и почнувам со ред да тријам.Исто така и на триењето обрнав многу внимание,гледав да биде во една насока,значи почнав од еден,завршив на друг крај без враќање,затоа што доколку правев кружни движења,или идев напред назад претпоставка моја беше да не се растегне оштетениот сунѓер дополнително па да испадне после леле што направив...Сето тоа изгледаше вака:
Е сеа друга важна работа,во приборот што ми беше потребен каде што напоменав,пешкирчето(намокрено со вода,ама убаво исцедено),истото ми служеше откако ќе поминев еден дел на тапацирот,го пребришував со него,нормално со самото триење со средството ние само го триеме материјалот но ако не се избрише,нечистотијата ќе остане на истото место.
Еве едно сликче и од пешкирчето откако заврши половина од вкупната работа
И така како што си чистев,на мојата поубава половина и дадов интересна задача.Бидејќи не перела теписони
нејзината задача беше да ги испере платнените патосници,несакаше да ја ставам сликава ама морам !
Лакот на ноктите не беше оштетен така да добро поминав,немаше УРЛАЊЕ xD
До каде стигнав.....па до крајот нормално
Кровот беше целосно истриен и пребришен па погледнете ги разликите(ќе ги ставам и предходните слики да не скролате нагоре надоле
) :
Ова е моментот кога стигнав до половина со чистењето
Разликата е очигледна,за homework или направи сам мислам дека е супер испаднато,ептен мерак ми направи
Патосниците беа испрани и ставени да се сушат,а јас продолжив со вториот чекор,чистење на патосот.За ова нема многу да дискутирам,ќе напоменам само што користев за целата процедура:
1.Rainbow машина (додаток за тресење,додаток за недостапни места и четка за фино усисување)
2.Vanish детергент за ткаенини
3.Сунѓерче
Процедурата позната,прво почнав со усисување,собирање на поголемите камчиња и сите видни нечистотии,втор чекор беше пуштање на тресалката со Rainbow машината,извлекување на ситниот песок навлезен во патосот,поминување на недостапните места со посебен приклучок од машината,и на крајот поминување со четката за фино усисување со која се помина и целиот кокпит.Еве како изгледаше сето тоа:
Откако се тоа убаво се усиса,на ред беше поминувањето со Vanish детергентот и сунѓерчето
После применетите фази,на крајот уште еднаш патосот се помина со четката за фино усисување,па резултатите се следните:
Седиштата останаа такви какви што се,бидејќи се од кожа поминати се со Leather Care од SONAX,со нив нема што друго да се прави освен да се претапацираат,така да останува уште да отидам кај момците од Sonax сервисот и да ги почастам за помошта и инструкциите.
Се надевам ви се допадна