Автор Тема: Чистење ентериер HOMEWORK  (Прочитано 11556 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Чистење ентериер HOMEWORK
« на: 01 Јуни 2012, 20:52:41 pm »
Решив на колата да и направам хемиско чистење,разгледувајќи по форумов се решив колата да ја однесам во Sonax Cleaning Service-от во близина на  Sistina.Jа однесов колата да ја видат и да ми кажат дали ќе ја биде работата,бидејќи колата е стара и не би се нафатил секој да ризикува и да ги сноси последиците (одлепување на тапацирот на кровот,оштетување на патосот на подот...).Од целата ситуација испадна колата да не се чисти бидејќи ризикот беше голем,па така дечките од сервисот ми дадоа неколку совети како сам би си ја исчистил со помош на средствата на SONAX.Така и испадна,првото нешто што го направив беше идењето во Реплек Хубо Маркет каде што си ги купив средствата,си дојдов дома и си се фатив за работа.
Почнав со тапацирот на кровот кој во сликите подоле ќе видите колку беше извалкан и на некој места имаше дамки:



Ова се деловите кај заштитниците од сонце кои секогаш кога ќе влезев во кола ме нервираа





Како што се гледа од сликите не верувам дека и некој од вас би сакал вакво нешто да има во својот автомобил,значи си имаше доооооста работа па така си почнав.Потребни алатки за ова беа едно ново сунѓерче,едно пешкирче и средството кое ми го препорачаа момците од Сонакс ценатрот " Interior Cleaner Limpia patices"


Денот ми се погоди пред се,беше сончево и топло,таман за тапацирот одма да суши.Предходна припрема немав,се мислев прво да го поминам тапацирот со правосмукалка,но бидејќи сунѓерот не ми беше сигурен,т.е изгорен од сонце не ми беше баш нај нај идејата па така да почнав со триењето.Процедурата е следнава:Средството го нанесував на сунѓерчето,во помали количини секако,бидејќи,зборам сеа за постари автомобили,ако се навлажни тапацирот премногу може да се одлепи.Го нанесувам и почнувам со ред да тријам.Исто така и на триењето обрнав многу внимание,гледав да биде во една насока,значи почнав од еден,завршив на друг крај без враќање,затоа што доколку правев кружни движења,или идев напред назад претпоставка моја беше да не се растегне оштетениот сунѓер дополнително па да испадне после леле што направив...Сето тоа изгледаше вака:

Е сеа друга важна работа,во приборот што ми беше потребен каде што напоменав,пешкирчето(намокрено со вода,ама убаво исцедено),истото ми служеше откако ќе поминев еден дел на тапацирот,го пребришував со него,нормално со самото триење со средството ние само го триеме материјалот но ако не се избрише,нечистотијата ќе остане на истото место.


Еве едно сликче и од пешкирчето откако заврши половина од вкупната работа


И така како што си чистев,на мојата поубава половина и дадов интересна задача.Бидејќи не перела теписони  ;D нејзината задача беше да ги испере платнените патосници,несакаше да ја ставам сликава ама морам !  :-X



Лакот на ноктите не беше оштетен така да добро поминав,немаше УРЛАЊЕ xD

До каде стигнав.....па до крајот нормално  :) Кровот беше целосно истриен и пребришен па погледнете ги разликите(ќе ги ставам и предходните слики да не скролате нагоре надоле :)) :
















Ова е моментот кога стигнав до половина со чистењето


Разликата е очигледна,за homework или направи сам мислам дека е супер испаднато,ептен мерак ми направи  :-X
Патосниците беа испрани и ставени да се сушат,а јас продолжив со вториот чекор,чистење на патосот.За ова нема многу да дискутирам,ќе напоменам само што користев за целата процедура:
1.Rainbow  машина (додаток за тресење,додаток за недостапни места и четка за фино усисување)
2.Vanish детергент за ткаенини
3.Сунѓерче

Процедурата позната,прво почнав со усисување,собирање на поголемите камчиња и сите видни нечистотии,втор чекор беше пуштање на тресалката со Rainbow машината,извлекување на ситниот песок навлезен во патосот,поминување на недостапните места со посебен приклучок од машината,и на крајот поминување со четката за фино усисување со која се помина и целиот кокпит.Еве како изгледаше сето тоа:









Откако се тоа убаво се усиса,на ред беше поминувањето со Vanish детергентот и сунѓерчето



После применетите фази,на крајот уште еднаш патосот се помина со четката за фино усисување,па резултатите се следните:






Седиштата останаа такви какви што се,бидејќи се од кожа поминати се со Leather Care од SONAX,со нив нема што друго да се прави освен да се претапацираат,така да останува уште да отидам кај момците од Sonax сервисот и да ги почастам за помошта и инструкциите.
Се надевам ви се допадна  ;D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #1 на: 01 Јуни 2012, 21:45:54 pm »
Одлично изработено, со мерак и верувам дека и да се нафателе во сонакс да го чистат немало вака да излезе...
  Кажи ми колку време ти утепа зафатов... Колку те кошташе сонакс сретството за чистење... И дали има поголеми заебанции освен добро триење ?

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #2 на: 01 Јуни 2012, 22:36:56 pm »
одлично зоки :)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #3 на: 01 Јуни 2012, 22:37:48 pm »
Bravo,super sredeno! I napisi ubavo po cekori kako rabotese i koi sredstva gi koristese.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #4 на: 01 Јуни 2012, 22:51:48 pm »
Одлично изработено, со мерак и верувам дека и да се нафателе во сонакс да го чистат немало вака да излезе...
  Кажи ми колку време ти утепа зафатов... Колку те кошташе сонакс сретството за чистење... И дали има поголеми заебанции освен добро триење ?

Средството од Sonax ме кошташе околу 450 денари,зафатот се на се траеше околу 8 часа,заебанции има зависи од тоа колку е извалкан тапацирот,зошто кај мене имаше флеки па кај нив требаше 2 пати да поминам за да исчезнат,така да други заебанции нема освен болки во рамо и набилдан трицепс,ама кога се се заврши и се постигнаа саканите резултати,се исплати
« Последно менување: 02 Јуни 2012, 02:27:44 am Зоки »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #5 на: 01 Јуни 2012, 22:53:14 pm »
Bravo,super sredeno! I napisi ubavo po cekori kako rabotese i koi sredstva gi koristese.
Чекорите и фазите се објаснети според мене,ако нешто не е јасно слободно потенцирај за што точно сакаш објаснување :D

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #6 на: 02 Јуни 2012, 02:59:38 am »
супер си го исчистил ... и кај мене сака ама пуста мрза :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #7 на: 02 Јуни 2012, 17:03:45 pm »
Одлично сработено и документирано комплет. Алал да ти е за зафатов ќе има и од мене еден наскоро.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #8 на: 02 Јуни 2012, 18:22:16 pm »
@Tome-Colt
De bre Tome koga go napraj mrsnik coltot, 2011 godina e ;D ;D ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #9 на: 02 Јуни 2012, 18:26:41 pm »



Ова заборавив да го постирам,што докажува колку стварно сум сработил  ;D
Инаку ова е водата од машината пред и по чистењето

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #10 на: 02 Јуни 2012, 18:31:54 pm »
Ubavo e.. A i mojata place za cistenje.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #11 на: 03 Јуни 2012, 04:06:55 am »
@Roci имам другар јас и една Астра Ф од 97ма со 160 иљадарки што си бара едно освежување, Колтот ми е срча :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #12 на: 03 Јуни 2012, 10:54:07 am »
Сега уште да ти кажат како сам да си ја исполираш и ќе биде од тебе детаилер :) HOME MADE POLISH :) ,инаку за работава NO COMMENT,посебно ме радува фактот со чистење на плафонот,плафонот лесно се одлепува на тие возила,си ја испоштувал процедурата :) ,јас ќе ве почестам со еден DIY за HOMEWORK само со средства од Meguiar’s ,слична е процедурата само што има доплонително олеснување за да не билдате трицепс бицепс  ;) http://www.youtube.com/watch?v=zWto4bqldNM
« Последно менување: 03 Јуни 2012, 11:07:33 am TE-EN »

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #13 на: 03 Јуни 2012, 13:19:16 pm »
A be TEEN daj dojdii zacisti ja mojata. Zadnjive 4 godini slabo izleguva od garaza. Puna e prasina ama ne znaes kolku. Aman vise muka mi e da ja gledam takva.. Treba sedista da vadam i detalno perenje. Samo kako tavanot da go isperam. I tamu ima kup prasina.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Чистење ентериер HOMEWORK
« Одговори #14 на: 03 Јуни 2012, 13:20:16 pm »
Благодарам пред се  :) за полирањето не би се нафатил,за тој зафат доаѓам во Прилепа града,само прво да средам прагчиња и ситни корозии на каросеријата што мислам дека ќе можам сам истото да го направам,е после тоа останува уште еден термин да договорам за доаѓање натака и колата да ми биде 70% средена,останува на крај машината,да се испере убаво,да се види што држи а што не (проверка на семеринзи и дихтони),па откако и тоа ќе се среди мислам дека ќе фатам патот накај Русија да си го видам брат ми  ;D